Ако градот е личност, каква би била?

City as a Person е уметничко-антрополошки проект со персонификација на различни градови. Проектот е дело на Марија Биљан, која со помош на жителите на градот и илустратори успева да ги прикаже градовите на мошне поразличен начин од она на кое сме навикнати до сега да ги гледаме. Имено, нејзината идеа е да се претстави градот како личност, која може да е тмурна, весела, монотона или разиграна. Прашањето кое им се поставува на жителите е едноставно: Ако градот е личност, која и каква би била?


Загреб
Овој град е и маж и жена. Додека мажот вози брз автомобил и брза да заврши некоја работа во тој метален и сив дел од градот, жената е типична топла мајка, која се грижи, која е нежна и која успева да даде сè од себе.

- До оваа идеја дојдов пред повеќе од една година, кога живеев во Валенсија. Она што ме наведе на истражување на градот на тој начин е што всушност односот и чувството кои ги имав на пример со Лисабон (каде што живеев пред тоа), градот во кој се чувствував дека таму припаѓам, е сосема спротивно чувство со Валенсија, каде што никако не се пронајдов. Сфатив дека односот со градот е многу сличен со односот со луѓето, па дојдов до идеја да го замислам градот како личност. Почнав со Валенсија, а од тогаш до сега имам собрано околу 50 интервјуа од разни градови, објаснува Марија.

Откако таа ги запишувала изјавите на жителите, следувала илустрацијата. Имено како илустратори на проектот се нејзини пријатели од Хрватска, Англија, Шпанија, Португалија, Германија и Турција.


Валенсија

Тие сакаат да претстават што е можно повеќе градови, а потоа да направат интернационална изложба. Исто така, моментално размислуваат да изработат и разгледници со цел да се промовираат.


Барселона
Таа е барокна девојка. Не знам дали ќе прозбори, но ќе ја набљудувам од некоја зграда и можеби ќе остварам некој поглед со неа. Исто така, сака да оди на гости кај својот добар пријател, со исти карактеристики како неа, Париз.


Истанбул
Тој е голем и слаб маж, типичен Турчин. Осамен е и многу зафатен со работата. Облечен е во стари алишта, но млад е. Неразбирлив. Не би сакал да бидам овој човек.


Берлин
Големо, слатко и разнобојно девојче. Секогаш е насмеана и чека да дојдат уште луѓе кај неа за да ги развесели.


Лисабон
Градот е како вино, колку е постар толку е подобар. Исто така го гледам како жена со мирис на река и море, бидејќи градот лежи покрај реката Тејо. Паметна, умна и шармантна жена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби