Жителите откриваат: Преценети туристички атракции

Кога сме во Париз, веднаш помислуваме да ја посетиме Ајфеловата кула, во Рим да го видиме Колосеумот, а во Минхен да одиме за време на Октоберфест. Дали со тоа правиме грешки и всушност не ги гледаме вистинските атракции во тој град?

На интернет порталот Reddit, корисниците неодамна покренале расправа за знаменитостите на градовите каде што живеат. Коментарите покажале како многумина од нив мислат дека главните атракции на нивните земји се преценети, без разлика дали се работи за скапите влезници, долгите редови во нив или пак нешто трето. Во некои случаи предложиле трикови за посета на атракциите, но и совети кои многу ќе ви се допаднат.

Водопадите на Нијагара, САД и Канада



Речиси секој турист кој се нашол на оваа територија ги посетил водопадите на Нијагара, но ако запрашате некој жител, ќе ве советуваат нешто друго. За подобар поглед и доживување одете на канадската страна на границата, од причина што на американската страна секогаш има повеќе гужва, но и е многу полош погледот.

Манекенот Пис, Брисел



И додека за некои градби како што е Ајфеловата кула јасно е зошто се симболи на градот, за ова мало момче кое моча, високо дури 61см, никој нема објаснување зошто се наоѓа во Брисел. Всушност, никогаш не ни се планирало да стане познат споменик, туку да биде само една од многуте фонтани во градот. Па затоа, ако сте турист, не го барајте момчето и оставете го на раат да уринира.

Стоунхенџ, Англија



Да, прогласен е за едно светско чудо, но со оглед на цената нуди многу малку. Оние кои го виделе одблизу платиле околу 15.5 фунти за влезница (1230 ден), а во неговиот поглед може да се ужива и од автопатот. Внатре нема баш ништо, туку се само камења, па размислете дали би платиле толкава сума за влезница.

Дијамантот на надежта, Вашингтон



Националниот музеј за историја на природата денес е дом на овој дијамант, кој некогаш припаѓал на кралот Луј 16. И додека посетителите се согласуваат дека музејот е вреден за посета, напоменуваат дека самиот дијамант е една од најнеинтересните работи таму. Се работи за најобичен дијамант, кој станал посебен поради легендата која се врзува со него, но кога ќе влезете во музејот ќе видете само еден камен кој се врти зад стакло.

Мадам Тисо, Лондон



Со ова многумина и нема да се согласат, но жителите на англиската метропола велат дека на овој музеј нема потреба да се губи време кога веќе го имате целиот Лондон пред вас. Картата е исклучително скапа, а покрај тоа секогаш има долг ред за чекање во кој сте присилени да стоите, ако не доплатите за да влезете веднаш.

Октоберфест, Минхен



На фестивалот на пивото едвај може да влезете, а пивото е прескапо и места за седење нема нигде. Нема ништо посебно, па затоа ве советуваме да не губите нерви чекајќи да ве пуштат, туку уживајте во добриот вкус на германското пиво негде на друго место.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби