Предлог дестинации во Македонија кои ќе ви ги разубават празниците

Пред нас е продолжен викенд поради празниците Велигден и Први мај, а многумина веќе заминаа, било  преку туристички агенции или во сопствена режија и отпатуваа некаде надвор од границите на нашата земја. Но, оние кои сè уште немаат никаков план за прошетка, зошто да не ги искористат убавините кои ги нуди нашата земја? Може да посетите некое место во близина на вашето живеалиште или пак да прошетате малку подалеку. Има места за сечиј вкус. Ние ви нудиме неколку дестинации, а вие изберете си ја онаа која ве привлекува или која до сега не сте ја посетиле.

Бигорски манастир



Близу селото Ростуше се наоѓа еден од најубавите манастири во нашата земја, Бигорскиот манастир. Комплексот е направен во прекрасна природа, а секој кој го посетил вели дека штом стапнете во манастирот веднаш ќе го почувствувате мирот. Може да влезете во галеријата каде што има изложено над 70 икони, кои датираат од дамнешни времиња. Исто така постојат две цркви, неколку параклиси и многу конаци кои буквално ќе ви го просветлат духот. Во манастирот може и да се преспие, па тоа го прави одличен избор за овие празници.

Осоговски манастир



На другата страна од Бигорскиот манастир, односно на само 3км од Крива Паланка се наоѓа Осоговскиот манастир, кој исто така е изграден во прекрасна природа. Овој манастир изобилува со живописни фрески и има многу конаци, но и апартмани кои нудат сместување за оние кои сакаат да преспијат. Во манастирот има и ресторан кој нуди манастирска храна и жолта лута ракија, која вреди да се вкуси.

Галичник



Во Маврово, во долините на планината Бистра се наоѓа селото Галичник, кое нуди неверојатна автентична архитектура и богато културно наследство. Освен по галичката свадба во јули, познат е по многуте цркви и галичката архитектура. Ова место живее од мај до октомври кога околу педесетина семејства се преселуваат овде, главно пензионери со внуци и почнува да се слуша џагорот во селото кое живнува. Одличен период е да се посети и да уживате во неговите убавини.

Вевчани



Селото, односно републиката Вевчани, како што претпочитаат да го опишат неговите жители, е приказна која мора да се доживее барем еднаш ако не и повеќе пати во животот. Ова одлично село располага со интересни легенди, цркви, прекрасна природна убавина и што е најважно со многу гостопримливи луѓе чии врати од домовите се отворени секогаш и за секого. Доколку се спријателите и жителите почувствуваат дека требало да се родите токму тука, тие со задоволство ќе ви издадат пасош од ова село, кое насекаде ќе го покажувате со гордост.

Радика



Оваа река е бисерот меѓу речните извори во Македонија, со бистра и студена вода, која тече меѓу планината Бистра и Кораб. Интересно е да се прошета по долината на реката Радика, која исто така има одлична природа за да направете еден пикник, а верувајте дека пивото ќе ви се излади во реката за помалку од половина час.

Смоларски водопади



Во регионот на селото Смолари се наоѓаат Смоларските водопади, кои многумина до сега ги имаат посетено. Сепак, ако не сте еден од нив, искористете ги слободните денови и упатете се натаму. Ќе го видите единствениот постојан водопад во Македонија со пад на водата од 39.5 метри!

Кањон Матка



На 17км од Скопје, ќе наидете на Матка, кањонот на реката Треска. Овде може да прошетате гледајќи ги убавините на кањонот, посетувајќи ги десетте пештери, возејќи се во кајак или едноставно може да уживате во ресторанот кај манастирот „Св.Андреја“, кој нуди вкусна храна за секој посетител.

Преспа



Името на ова место претставува „голема котлина“ која се наоѓа во центарот на двете езера: Големото и Малото преспанско езеро. Овде има прекрасна клима со оглед на тоа дека долината е заградена со планината Галичица, Бигла, Баба и Сува Гора. Овде може да уживате на пристаништето или на плажата која скоро е реновирана. Може да го посетите и островот Голем град, кој што има богата фојова шума стара неколку векови, археолошки наоѓалишта, црква Св.Петар и е заштитен со закон како природна реткост.

Дојран



Помало природно езеро од Преспанското е Дојранското езеро, кое се наоѓа до самиот град Дојран. Овде секоја година посетителите се во голем број, а често поради добрата клима и топлата вода има и такви што се храбри да се избањаат во езерото дури и во месец мај. Градот нуди цени прилагодливи за сечиј џеб, па комотно може да најдете и ноќевалиште за продолжениот викенд.

Берово



Луѓето кои живеат во овој регион ќе ве пречекаат како да ве познаваат, иако за прв пат доаѓате во нивниот град. Тие ќе ве поканат во нивниот дом, ќе ве нагостат па дури и ќе ви понудат да преспиете, без да побараат нешто за возврат. Имено, Берово е единствениот град во Македонија кој има манастир во центарот на градот. Овде климата е поладна со оглед на планинскиот предел, па добро би било да се облечете потопло, но тоа исто така не треба да ве спречи да се упатите натаму затоа што ќе бидете вечно благодарни на она што ќе го видите таму, односно на природната убавина и прекрасните човечки души. Не заборавајте да го посетите и Беровското езеро, чии шумни предели ќе ве освојат.

*Сите фотографии се преземени од Википедија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби