Патниците ги избраа најдобрите места за одмор во Европа

Летото само што не пристигнало, а температурите за многу брзо време ќе се искачат, па сосема добро би ви дошло доколку ѕирнете кои места ги избраа патниците за најдобри во Европа. Меѓу најдобрите места на анкетата спроведена од RoutePerfect.com, се нашле места во Грција, Хрватска, Франција, а најмногу места има Италија.



19. Каљари, Сардинија, Италија

Во овој град има вкупно 8км плажи, од кои најпопуларна е Поето покрај која се наоѓаат безброј барови и ресторани.

18. Елба, Италија

Тосканскиот остров познат е по плажите со златни песоци, кои го опсипуваат кристалното море.

17. Хвар, Хрватска

Остров комбиниран со култура, историја и прекрасни плажи со чисто море.

16. Сан Ремо, Италија

Очигледно ова место не е славно само по фестивалот, туку и по природните убавини. Се наоѓа во Лигуриј, а преку лето е преполно со туристи.

15. Албуфеира, Португалија



Шармантен стар град, луд ноќен живот и прекрасни плажи се причините поради кои туристите толку многу го сакаат овој туристички град.

14. Кефало, Италија

Ако сакате да ја посетите Италија, изберете ја Сицилија за вистинско освежување. Единствен проблем е гужвата, бидејќи многу е тешко да најдете место на плажа.

13. Биариц, Франција

Плажите се преполни со сурфери и туристи, а сите оние кои се желни за коцкање, овде се наоѓа и огромното казино Barriere.

12. Задар, Хрватска

Во Задар туризмот во последните години процвета, бидејќи сите го посетуваат поради прекрасните плажи, а заоѓањето на сонцето некои велат дека е подобро и од она на Флорида.

11. Фаро, Португалија

Овде плажите изгледаат нереално, а за да го запаметите местото не само визуелно, туку и гастрономски, ќе се погрижат малите ресторани кои нудат свежа морска храна.

10. Постијано, Италија



Ова место потсетува на популарниот регион Чинкве Тере. Морето има рајски изглед, а градот нуди многу забава.

9. Миконос, Грција

Сигурно веќе ги имате видено белите куќи со сини детали кои се карактеристични за Миконос. Плажите се чудесни, а местото нуди задоволство за сите, особено за оние кои се во потрага по забава.

8. Санта Маргерите Лигуре, Италија

Ова идилично место на италијанската ривиера врие од туристи и тоа низ целата година.

7. Марбела, Шпанија

Градот кој го бие глас дека е луда party дестинација, дефинитивно и го оправдува ова, но и долгата песочна плажа многумина ги остава без здив.

6. Искја, Италија

Премногу прекрасни места во Италија, а меѓу нив е и овој вулкански остров на кој нема да најдите многу гужва по плажите.

5. Лагос, Португалија



Ова е градот кој ги краси прекрасните песочни плажи, а меѓу најголемите е плажата Меја Праија.

4. Фира, Санторини, Грција

Плажите овде се меѓу најубавите во цела Грција, особено кога изгрева сонцето. Ако сакате посебно место, ви ја препорачуваме Црвената плажа.

3. Палма де Мајорка, Шпанија

Овде постојат неколку прекрасни плажи, а особено е истакната Платја Сан Пер Антони, во близина на која се наоѓа катедрала.

2. Кан, Франција

Ако сакате гламур и луксуз, тогаш плажите во Кан се вистинскиот избор за вас, каде што секако дека ќе сретнете и некои познати личности.

1. Барселона, Шпанија



За разлика од повеќето големи градови, Барселона може да се пофали со плажи со должина од 4.2км. Барселонета, Мар Бела, Нова Икарија се само некои плажи, а со оглед на тоа што се нуди градот, летниот одмор поминат овде не е воопшто лош избор. Ќе ги задоволи вкусовите на секој еден турист.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби