|
|
|
ГОЛЕМА АВАНТУРАПатникот кој ја обиколи планетата: Ова се најлошите земјиПатникот Дру Голдберг од Аризона од 2012 година до денес поминал дури 73 земји во светот. Своето патување го започнал во трета година на факултет, кога еден семестар поминал во Прага. Тогаш посакал да посети уште некоја земја и за многу брзо време му се наполнил пасошот со печати.
Набрзо дипломирал и заминал во Сеул да предава англиски јазик, а во рок од 18 месеци посетил 20 земји во Азија. На почетокот на оваа година ја напуштил работата и од тогаш посетил уште 30 земји. Од својот прв ден на големата авантура ги споделува искуствата на неговиот блог The Hungry Partier, како и на неговиот Instagram профил. Решил да ги сподели најлошите негови искуства.
Најлоша храна: Филипини
Иако Филипини е една од моите омилени земји, оброците таму се многу скромни. Обично се состојат од зготвен ориз и мало парче риба. Јас сум навикнат на поразлична исхрана.
Најлош ноќен живот: Брунеј
Повеќето исламски земји водат строга политика кога се работи за конзумирање алкохол, така да нивниот ноќен живот е речиси непостоечки. Кога излегов во престолнината Бандар Сери Багаван во петок навечер за да се опуштам, улиците беа толку празни што можев да слушнам иглички кои паѓаат на 20 метри од мене.
Најнекултурни луѓе: Египет
Неодамна отпатував во Каиро на 5 недели и имав лошо искуство со речиси секоја личност која ја запознав таму. Египќаните се многу агресивен народ – на улиците за тоа време видов три големи тепачки. Најлош пристап до Wi-Fi: МјанмарАпсолутно го обожавам Мјанмар, но оваа земја заостанува 20 години од своите соседи. Иако во големите градови има Wi-fi мрежа, интернетот е спор како dial-up од 90-те години. Не верувам дека ова ќе се промени во следните 3 до 5 години, но туризмот во Мјанмар секако цвета поради тоа што не треба виза за граѓаните со американски или британски пасош. Најпреценето место: Куала ЛумпурСлушнав многу работи за Куала Лумпур на патувањата низ Азија, но кога стигнав таму видов дека е многу досадна верзија на Бангкок. Градот исто така не е најбезбеден – минувачи вербално ја вознемируваа пријателката со која патував. Најскапо место: ЛондонГо посетив Лондон прв пат во животот пред два месеци и имав многу високи очекувања. Но, да бидам искрен, освен рибите и компирите ништо друго не ме воодушеви. Високите цени прилично ме одбиваа.
|
|
|
|
|
|
|
|
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
|
Виц на денот |
|
- Што е тоа мало црвено, по малку бело? - Мравка со нога во гипс.
|
|
|
|
Состојба на патиштата |
|
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е... |
|
|
|
Верски календар |
|
|
|
|
На денешен ден |
|
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
|
|
|
|
Хороскоп |
|
|
|
|