5 работи кои мора да ги пробате и посетите во Лисабон

Лисабон не е град низ кој може само набрзина да поминете, туку е град во прекрасната Португалија во која мора да уживате. Градот крие убавина, која вреди да се истражи, бидејќи ќе ви ги разбуди сите сетила.

Возете се со трамвај



Истражувањето во бавно темпо е најдобар начин за запознавање на овој град само поради фактот што градот лежи на брдо. Лисабон потсетува на Сан Франциско, кој има трамваи кои ќе ви овозможат најголем пристап до поедини градски делови и атракции. Но, ако сте само неколку денови во градот, изнајмите водич кој ќе и ги претстави сите атракции.

Сместете се во центарот



Dom Pedro Palaca е луксузен хотел сместен во непосредна близина на градскиот центар и покрај многу отмени трговски центри. Хотелот е совршено оддалечен од туристичките атракции па нема да ви биде проблем за брзо време пешки да стигнете до нив. Собите во хотелот се пространи и удобни, а препорака е да побарате соба со поглед на градот и реката Тејо.



Испробајте ја совршената храна



Артичоката е главна атракција во рестораните. Ќе ја најдете во речиси секое јадење. А сардините ќе ги најдете во секоја варијанта, печена, пржена, солена па дури и во паштети. Лисабонците знаат совршени рецепти.

Лисабон е град кој лежи на море и не треба да ве чуди тоа што секој ресторан изобилува со морски плодови. Но, добро е да ја посетите и славната пекара Fabrica de Pasteis de Belem, која работи од 1837 година . Секој ден пекарата пече помеѓу 20.000 и 50.000 печива!

Проучете ја архитектурата на градот



Секој регион има своја посебна енергија. Најстариот дел во градот е Алфам и најмалку прометен, но најмногу обилува старата архитектура. Ако сте љубители на уметноста и барокот, слободно посетете го.

Погледајте го градот од највисоката точка



Ако сакате прекрасен поглед врз градот, се препорачува да се упатите кон Miradouro de Santa Luzia, кој се наоѓа на највисока точка и кој овозможува најдобар поглед на градот. Уште пак ако го посетите навечер, ќе бидете воодушевени од она што ќе го видите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби