Ѕирнете во најскапите ресторани во Дубаи

Богаташите знаат како да живеат и не прифаќаат ништо што е под нивно ниво. Кога ги посетуваат рестораните во Дубаи, тоа мора да е некој ексклузивен и луксузен ресторан во кој се плаќа вечера за двајца која чини исто колку да се нахранат околу 50-на луѓе. Во тие ресторани готват врвни и искусни готвачи, се послужуваат егзотични јадења при што мора да го освојат гостинот за повторно да се врати.

Во прилог ви ги прикажуваме најскапите ресторани во Дубаи.

Billionaire Mansion Dubai



Како што ви кажува и самиот наслов, овој ресторан е резервиран за милијардерите и милионерите. Негов сопственик е шефот на Формула 1, Флавио Бриаторе. Таму се движат исклучиво згодни девојки со долги нозе, а мажите се облекуваат во костуми, келнерите послужуваат во бели сакоа и црни вратовски, додека вистинското дрво кое расте на сред ресторан го одвлекува вниманието на гостите. Лоциран во кулата Таџ Дубаи, овој ресторан кој секоја вечер отвора во 21 часот има бројни забавни точки, како на пример танчерки во свилени марами или пак џез мјузикл.

Менито се дели на јапонски и италијански дел, а оброците како што е полн тартар сос од бели тартуфи, доаѓаат во поголеми порции отколку што би очекувале за вакво место. Најскапото јадење е 125гр. кавијар и чини 640 долари за само една порција.

Cavalli Club Dubai



Кога ќе влезете во ресторанот најпрво ќе ве освојат лустерите изработени од Swarovski кристали кои висат во виолетовиот ресторан, а веднаш потоа и снимките од модните ревии. Тоа не е многу типично за ресторан, но со оглед на тоа дека ресторанот соработува со славниот дизајнер Кавали, не нè зачудува. Дури и лифтот е обложен со принт од зебра, а женското купатило е накитено со злато и приватно позадинско осветлување за шминкање.

Иако Cavalli Club е дестинација за забава, нуди и одлична италијанска вечера. Главните јадења се скапи риби, лигњи или медитерански морски гргеч завиткан во тиквички. Околу 23 часот почнува шоу со познати DJ-и. Најскапото јадење е говедско месо по цена од 681 долар.

La Pergola



Хејнс Бек, главниот готвач е одговорен за успехот на римскиот ресторан со три Мишелин ѕвезди, кој во Дубаи го донел својот неконвенционален бренд на италијанска кујна во хотелот Waldorf Astoria Dubai Palm Jumeirah. Со масивни дрвени подови, ретро фотографии и стаклена кујна, декорот во ресторанот е класичен луксуз со модерни детали, а посетителите се воодушевуваат од едноставните специјалитети како тирамису и паста карбонара. Внатрешноста потсетува на скапите европски ресторани, а терасата овозможува поглед на прекрасното пристаниште. Најскапото мени вклучува оброк на четири нивоа заедно со скапи вина од целиот свет, а чини 226 долари за една личност.

Pierchic



Сместен на крајот на долг дрвен мол, овој ресторан е романтична дестинација, која овозможува неверојатни глетки на заоѓање на сонцето над арапскиот залив. Менито се базира на морски специјалитети како што е остриги, кавијар и јастог, зачинети со тартуфи и паштета од гуска. Најскапото јадење е 50гр кавијар (776 долари) со чилеански морски грегеч (245 долари) и кула со морски специјалитети (245 долари).

Nobu Dubai



Еден од најдобрите јапонски ресторани во градот се наоѓа во хотелот Atlantis на островот изграден во вид на палма. Типично јапонско минималистички уреден со закривени дрвени даски, создавајќи чувство како да сте фатени во рибарска мрежа. Храната е сплотеност на јапонско мени со влијание од арапската кујна. Најскапо јадење е јапонскиот говедски стек по цена од 223 долари порција.

At.mosphere Burj Khalifa



Тешко е да го одминете Бурџ Калифа ако сте во посета на Дубаи, а на највисоката точка се наоѓа овој ресторан во кој се подготвуваат едни од најдобрите гастрономски специјалитети. Целиот заграден со стакло, овозможува неверојатен поглед на целиот град, а цената на вечерата овде зависи и од местото на седење.

Најскапо мени е она во седум нивоа заедно со скапоцени вина кое чини 436 долари за личност.

Enigma



Театралноста на просторот и славните кулинарски ѕвезди се главни адути на новоотворениот ресторан сместен во луксузниот Palazzo Versace. Шефовите на кујната комплетно го менуваат целото мени на секои четири месеци, а од познатите готвачи таму работеле Кик Дакоста со три Мишелин ѕвезди и Бјорн Франтцен, со две Мишелин ѕвезди.

Јадењата се неверојатни, кои имаат дури 12 нивоа, а едно такво мени чини 231 долар за личност.

La Cantine du Fauborg



Ова е француски ресторан и место каде што сите во Дубаи одат ако сакаат да бидат видени, а снежно белите ткаенини му даваат европска луксузност. Менито вклучува димен лосос со кавијар на подлога од црна киноа. Најскапото јадење е 250гр кавијар и 500гр месо по цена од 1560 долари!

Al Muntaha



Овој неверојатен ресторан со дури седум ѕвезди е еден од оние без кои Дубаи не би бил центар на светскиот луксуз. Местото изградено во европски стил се наоѓа на 200 метри над морското ниво овозможувајќи неверојатна глетка. Специјалитет е јастог со лимон и кавијар. Менито моментално се менува, но цените на порциите обично се движат по 500 долари.

Qbara



Арапската кујна е претставена на најмодерен начин во домашниот ресторан Qbara, а храната има нова димензија со проекции на ѕид, урбан DJ и светлосна игра. Менито се состои од голем број на јадења, од салата до мали топли јадења, традиционални за оваа кујна. Најскапото јадење е јагнешки микс на скара по цена од 340 долари по личност. Ако сте само една вечер во Дубаи, тогаш ова е ресторанот во кој дефинитивно треба да вечерате.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби