6 магични летни дестинации за одмор од соништата

Ако барате идеална дестинација на која може да побегнете ова лето, можеби ќе ви треба подлабок џеб. Според Booking, идеалните дестинации се далеку од нас и чинат неколку илјади евра, но добро е да знаете кои се тие, ако не сте во можност да ги посетите.

Rumrunner Resort, Австралија



Уживајте во панорамскиот поглед на езерото Рамранер на оваа престижна локација сместена во крајбрежниот град Голд Коус. Оваа елегантна куќа за одмор ќе ги задоволи сите ваши потреби. Големата отворена кујна во склоп во кој се наоѓа приватен бар и скара е погодна за вистинска гурманска дружба. Луксузот ќе го почувствувате и во базенот, масажерската када и сауна.

Ashling Villa, Бали



Оазата на мирот на североисточното крајбрежје во Бали нуди неверојатен поглед кон океанот, како и кон импресивната планина Агунг. Будењето со бранувањето во прекрасната вила е чувство кое не може да се опише. Своето време можете да го поминете и опуштено, пиејќи коктели под сенките покрај базенот.

Bay Bees Sea View Suites & Homes, Миконос



Сместена на помалку од четири километри од култните ветерници на островот, оваа прекрасна куќа изградена на карпа нуди прекрасен поглед кон Егејското море. Погледот кон бродовите во далечина и песокот по кој газите ќе направи да заборавите на сите проблеми.

Villa Solenzana, Сардинија



Огромна вила сместена веднаш до морето овозможува кралски третман со своите седум спални соби и осум купатила. Додека во своите соби сонувате и уживате во прекрасниот поглед на медитеранското заоѓање на сонцето, приватните готвачи, келнери и домаќинки ќе ги задоволат сите ваши потреби.

The Lotus Terraces, Кох Самуи



Наполнете ги батериите со здрава доза на сонце и песок во една од прекрасните вили на прекрасниот тајландски остров Кох Самуи. Ако кристалното чисто море не ве привлекува доволно, разгалете се со услугите на приватниот готвач или препуштете си масажа покрај базенот.

An Lam Ninh Van Bay Villas, Виетнам



Овие удобни вили ќе ви овозможат мирен одмор во центарот на бујниот и зелен пејзаж со прекрасен поглед на недопрената вода во Ninh Van Bay. Целосно опуштете се во базените или излекувајте си го духот и телото со спа третмани. Кристално чистото море ќе ви овозможи целосен одмор од соништата додека лежете на прекрасната плажа со бел песок.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби