Најголемите туристички замки кои треба да ги избегнувате

За некоја туристичка атракција да биде карактеризирана како замка, потребно е да биде преценета и преполна со туристи. Ако не сакате да си го поставувате прашањето: Зошто дојдов тука?, тогаш погледнете кои светски локации треба да ги избегнувате.

Патеката на славните во Холивуд, Лос Анџелес



Ова е патека која е посветена на холивудските ѕвезди со сите можни замки кои може да ги замислите. Освен чекорење по тротоарот сè друго се наплаќа. Секако, секогаш може да се фотографирате со ѕвездата на некоја ваша омилена личност од Холивуд.

Ајфеловата кула во Париз



Посетата на Париз е едно од најпрекрасните искуства на планетата, но колку се исплаќа да се искачите на Ајфеловата кула? Многу туристи сметаат дека оддалеку изгледа многу поимпресивно отколку одблизу, а ако се одлучите да ја набљудувате од подалеку, не само што ќе заштедите пари за карта, туку и ќе ги избегнете долгите редови.

Одморалиштето Атлантис на Бахамите




И покрај тоа што се смета за едно од најдобрите одморалишта на светот, голем број туристи сметаат дека ова место е преценето. Одмарањето во Атлантис чини многу повеќе од околните одморалишта, а на интернет кружат гласини дека гостите на секој чекор ги чекаат уште многу други трошоци, како што се влезници за во воден парк, шкафчиња за изнајмување итн.

Кривата кула во Пиза



Не постои нешто што би можеле да правите на ова место, освен фотографирање на кулата и евентуално да пиете кафе или да јадете. Во Тоскана се наоѓаат голем број на други знаменитости, кои би можеле да ги посетите, така да подобро е директно да се упатите таму и да си ги зачувате парите.

Лас Вегас



Коцкањето, храната и забавата овде брзо ќе ви ги истрошат парите од џеб, а уште пак ако спиете таму, очекувајте да дадете многу пари за во хотел.

Дизниленд



Поради преценетите атракции и храна, како и фактот дека продавниците во Дизниленд се многу скапи, многу е лесно да се оцени Дизниленд како една од најголемите замки на Земјата. Еднодневната влезница за Дизниленд во Орландо за четворочлена фамилија изнесува 515 долари, што е многу повеќе во споредба со тематските паркови во светот, кои нудат слична забава.

Камениот дворец Бларни во Ирска



Рик Стивенс, еден од најреномираните патнички гуруа во светот, ја оцени оваа атракција како туристичка замка со добра причина. Легендата вели дека секој кој ќе го бакне овој камен ќе има среќа во наредните пет години. Сепак, проблемот е што годишно го бакнуваат над 400 илјади луѓе, а тоа е многу плунка, а никој не гарантира сигурна среќа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби