Откријте ја својата Венеција

Венеција е преполна со тајни кои чекаат да бидат откриени од посетителите. Сепак, не треба секогаш да плаќате скапи влезници за во музеј, да чекате во долги редови, туку едноставно самите да ја откриете Венеција.



Островот Сан Џорџо Маџоре

Островот овозможува најубав поглед на Венеција, Дождовата палата и Големиот канал. Исто така, влезот во црквата Св.Џорџо од 1555 година не се наплатува, а внатрешноста крие два важни дела на Тинторетo. До врвот на ѕвоното има лифт, кој ќе треба да го платите пет евра, но погледот е убав и нема толку гужва како во црквата Св.Марко.

Santa Maria della Salute

Прекрасна црква која доминира во влезот на Големиот канал, а Венецијанците сакаат да ја нарекуваат Salute. Изградена е по чумата во 1681 година, а барокната фасада е дело на архитектот Балтазар Лонген.



Казино Venier

Во времето на Казанова во Венеција работеле над 100 казина во кои се коцкале аристократите. Едно од најпознатите од тоа време може и денес да се види. Станува збор за казиното Venier од 1750 година. Се наоѓа на првиот кат на зградата која гледа накај каналот Баратери. Кога ќе ја отворите вратата ќе бидете воодушевени од внатрешноста од мермер и прекрасни украси.

Библиотеки

Венеција има две прекрасни библиотеки. Orsoni се наоѓа во Еврејскиот дел, додека градската библиотека се наоѓа во училиштето Сан Марко од 15 век. Фасадата изгледа како свадбена торта, но на првиот кат ќе пронајдете медицинска литература со инструменти и илустрации украсени со делата од Белини и Тинторет.

Спирални скалила



Ова е едно од најдобро чуваните тајни, бидејќи скалилата се скриени зад ниски улички недалеку од мостот Ријалто. Следете ги жолтите ознаки за Академијата, а од Kampo Manina се стигнува до прекрасните палати од 14 век и готските скалила на фамилијата Контарини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби