Дали е подобро да возите преку ден или навечер?

Сведоци сме на сè повеќе сообраќајни несреќи на автопатите во Македонија и првиот коментар кој го слушаме е „Сигурно заспал на волан, затоа што возат навечер.“ Но, кога е најдобро да се тргне на патување, навечер или наутро?



Ако човек спие 364 дена навечер, а преку ден работи, не би требало да тргне на пат кога ќе падне мрак. Ноќното возење не се препорачува на луѓе кои се навикнати да си легнуваат порано или на оние кои имаат проблеми со видот. Кога и да тргнете на летување, мора да правите редовни и чести паузи, кои може да бидат и кратки, а по неколку часа возење треба и убаво да се одморите. Советот кој важи и за двете возења, е дека никогаш не треба да тргнете на пат директно после работното време, бидејќи нервозен возач, под стрес, себеси е најголем непријател.

Постојат многу причини кои покажуваат дека на одмор треба да тргнете преку ден, особено оние кои носат очила или леќи. Отворени се сите бензински пумпи, работат и аптеките и продавниците, дури и полесно се стигнува до помош од сервис или од пријател. На местото се стигнува навечер, веднаш влегувате во соба и си го земате заслужениот одмор.

Сепак, има и лоши страни на патување преку ден, кои може и да ги избегнете. Најлоша е температурата, па на пат треба да тргнете порано, а не на пладне и по најголемото сонце. Ако е топол ден, мора да се пијат многу течности, да се прават паузи и строго да се води грижа за храната која може лесно да се расипе. Поради високите температури децата стануваат нервозни, а бучно и плачливо дете е најголема опасност за возачот. Поради тоа треба да застанете и однапред да направите план каде би можеле да застанете на патот, да посетите нешто друго или пак да направите еден мал пикник. Пред излегување од автомобилот треба да ја исклучите климата, да ги отворите прозорците и да влезе топол воздух, а потоа да излезете надвор. Разликата меѓу надворешната и внатрешната температура не треба да е повеќе од 8 степени.



Добрата страна на возењето преку ден е тоа што полесно ќе воочите полиција, а факт е дека сообраќајци навечер има многу помалку. Исто така има и помалку сообраќај, а камиони дури 9 пати помалку од денски. Тоа се главните причини зошто е подобро да тргнете навечер на пат. Статистиките покажуваат дека навечер се случуваат и помалку сообраќајни несреќи, но кога се случуваат секогаш се катастрофални. Во таа смисла зората е најопасна, бидејќи тогаш доаѓа до умор, а возачот мисли дека може да издржи уште малку пат. Кога ќе почувствува криза, мора да застане и да дремне на паркинг. Ноќните возачи мора да прават чести паузи.

Иако многу веруваат дека е подобро да возат навечер, со цел наутро да се бањаат во море, тоа е лош план, бидејќи во собата нема да може да влезат до попладневните часови. Возачите мислат дека на децата им е попријатно навечер да преспијат во колата, што не е секогаш добра одлука, бидејќи сепак седиштата не се кревет. Тишината во автомобилот е опасна за возачот, особено од 4 до 6 наутро.

Предностите на ноќното возење се недостаток на жештина, помала гужва, како и фактот дека пред кривина на патот ќе ги видите светлата на другиот автомобил кој доаѓа од спротивната лента. Иако навечер има помала гужва на граничните премини, пазете да не налетате на промена на смена, бидејќи на грчката граница најчесто се случува во шест часот наутро, па со тоа и ќе се задржите повеќе на граница, без разлика на гужвата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби