Најубавиот остров на светот

Палаван островот во Филипини по втор пат беше прогласен за „најубав“ во светот од страна на Travel + Leisure. Првиот пат тоа се случи во 2013-та година, а магазинот не штедеше пофални зборови за природните убавини кои ги нуди овој „тропски рај“.



Островот е познат по недопрената дождовна шума и тивките плажи со прекрасен песок и тиркизно чиста вода. Самиот остров е дом на мал број на Филипинци, и не е „окупиран“ од туристи.

Но, што треба да се знае за Палаван островот?

1. Има неверојатен морски живот



Според организацијата за нуркање, Палаван е дом на 120 различни видови на корали и 800 видови на ретки егзотични риби, а таму има и безброј потонати бродови од минатото што го прави прекрасна нуркачка дестинација.

2. Таму ќе ја најдете најдолгата подводна река



Според УНЕСКО под планините на самиот остров тече најдолгата подводна река во светот. Нејзината должина изнесува 8 километри и е лоцирана во националниот парк Св. Пол.

3. Тоа е и супер дестинација за холивудските студија



На Палаван веќе беа снимани филмовите The Bourne Ultimatum, а и неколку од James Bond филмовите, но тоа е и една од омилените дестинации на ѕвездите како Мадона и Бред Пит.

4. Покрај морски живот ќе најдете и фантастичен сафари живот



Calauit сафари паркот на островот има заштитен резерват на диви животни во кој можете да погледнете стотици животни во нивната природна средина.

5. Ако ве интересира антропологија, тоа е дестинацијата за вас



Остатоци од еден од најстарите Хомо сапиенс беа пронајдени во Tabon пештерата на Палаван островот. Тие датираат од пред 47.000 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби