10 неодоливи европски дестинации за мирен одмор

Ако сте некој воркохолик, кој поголемиот дел од секојдневието го поминувате во извршување на работните обврски, тогаш сигурно не сакате да имате некој напорен, бучен и исцрпувачки одмор, кој може да го издржат само тинејџерите до 20 години. Сè што ви е потребно е реалсирачки и мирен одмор, кој ќе ве оттргне од стресот и проблемите. Со оглед на тоа дека сигурно сте пронашле некое такво место кај нас или во соседните земји, со цел да ви го прошириме изборот, ви нудиме неколку европски градови кои ви го нудат она што го сакате.

Груисан, Франција



Сместен на источниот дел од земјата, Груисан е гратче кое е познато по песочните плажи, но исто така и по стариот дел на градот, кој изобилува со уникатни винарии.

Бинисафулер, Шпанија



Островот Менорка е дом на ова место, кое е иделано прибежиште од бучавата. Овде ве чека мек песок и кристално чисто море, а што е најдобро од сè, на плажа ќе ви прават сенки „ладните“ борови.

Маретимо, Италија



Местото се наоѓа на истоимениот остров во Медитеранско море, а таму доминираат бели куќички со сини детали, па помалку потсетува на Санторини. Природата ќе ве остави без здив, па сите кои овде доаѓаат на одмор, посакуваат да се преселат таму засекогаш.

Лафранк, Шпанија



На делот на шпанското крајбрежје, познато како Коста Брава, се наоѓа токму овој град. Овде покрај песокот и морето, ќе ве дочекаат и неколку возбуди, бидејќи местото нуди и забава. Доколку пак го засакате градот, Барселона се наоѓа на само 100-на километри оддалеченост.

Алакати, Турција



Можеби сега не е најдобро време да се упатите кон Турција, но добро е да го имате градот Алакати во предвид. Се работи за прекрасен стар град со тесни улички исполнети со ресторани и кафе барови, комбиниран со прекрасни плажи, кои ќе ги задоволи и оние со највисоки очекувања.

Колор, Франција



Повторно се враќаме во Лангудок, во градот Колор. Славен е по своите песочни плажи, кои се наоѓаат долж градот.

Марина ди Пишота, Италија



На крајбрежјето на Тиренското море, на самото брдо, е сместен токму овој прекрасен град. Ако отидете да го посетите ќе помислете дека се наоѓате во некое друго време, а ние ве советуваме целосно да се опуштите и да се почувтвувате како да сте жител на градот.

Калкан, Турција



Овде се сместени едни од најубавите плажи во цела земја, вклучувајќи ја и познатата плажа Капутас. Кој и да сака да одмори во мало место, каде што владеат мирот, тишината и прекрасната природа, нема да погреши доколку ја избере токму оваа дестинација.

Салема, Португалија



Ова е како рајот на земјата. Се наоѓа во природниот парк Коса Вицентина и природата е буквално недопрена. Доминира песочна плажа, така да најсреќни ќе бидат најмладите додека прават замоци.

Ментон, Франција



Куќите во разни бои доминираат на местото, кое што отсекогаш било интересно за туристите. Градската архитектура е прилично богата при што е комбинирана во разни уметнички стилови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби