Најшарените градови во светот

Изборот на следната дестинација која ќе ја потсетите најверојатно се базира на природни убавини, луд ноќен живот, добри места за опуштање или интересни знаменитости. Но, зошто еднаш во вашиот живот не посетите некој од „најшарените“` градови во светот?

Џодпур, Индија



Сината боја некогаш означувала дека тоа е дом на брахман, свештеник на индискиот каста систем, но ова место со тек на време станало препознатливо по сините куќи, без разлика дали во нив живее брахман или не. Според индиските верувања, сината боја ги брка инсектите.

Чинкве Тере, Италија



Чинкве Тере на италијански јазик значи пет села, односно станува збор за место во кое се наоѓаат селата Монтеросо ал Маре, Вернаца, Корниља, Манарола и Риомаџоре, кои настанале во средниот век. Иако според легендата мештаните ги боеле фасадите во различни впечатливи бои уште во средниот век, вистината е дека почнале да ги бојадисуваат пред 50-тина години.

Јусчар, Шпанија



На овој шпански рид некогаш преовладувале бели фасади. Но, пред пет години Sony Pictures ги обои во сина боја, како маркетиншки трик за промоција на Штрумфовите. И кога им истекол договорот, мештаните одлучиле да си ја задржат сината боја.

Бурано, Венеција, Италија



Островот Бурано се наоѓа во венецијанската лагуна и во самата Венеција, а низ него поминуваат многу канали. Но, она што е специфично се шарените фасади кои се бојадисуваат на секои две години. Секој жител има различна фасада од својот сосед, а за бојадисување мора да се добие дозвола од локалните власти.

Тирана, Албанија



Сивилото на комунизмот е заменето од живите бои по целиот град. Тоа се случило во 2000 година, кога уметникот Еди Рама станал градоначалник на Тирана. Прва задача му била да го оживее градот.

Каминито, Буенос Ариес, Аргентина



Во овој регион некогаш течел мал поток, а кога пресушил, изградиле железница. Изградена е и населба која живнала во 1950-тите години, кога уметникот Бенито Квинкела Мартин почнал да ги бои ѕидовите со пастелни бои.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби