Европски градови кои мора да ги посетите во есен

Есен е убаво време за шетање, токму затоа што се прават неверојатни пејзажи. Доколку сте љубители на европските градови и одличните глетки тогаш ви предлагаме неколку градови кои вреди да се посетат токму во ова годишнo доба.

Бриж, Белгија



Овој средновековен град е еден од најубавите европски градови во есен. Виновата лоза во разни нијанси ќе ве освои уште на прв поглед со романтичните сцени и совршени сценарија за фотографирање. Белгија е позната по чоколадите, па може да се загреете со една шолја топло чоколадо.

Осло, Норвешка



Осло е преполн со живописни паркови, кои иако се убави низ текот на целата година, на есен блескаат во полн сјај. Токму овој период е одличен за истражување на Осло, а локации за посета се тврдината Акершус, паркот на скулптурите Вигеланд и шумата Осломарк.

Кумбрија, Англија



Англискиот округ на езера е преполн со неверојатни сцени, кои особено се спектакуларни кога започнува есента. Овде може да ги истражите околните езера и шуми, како што се Гриздејл, во која растат зелен бор и бука.

Уканц, Словенија



На западниот дел на Бохињското езеро е сместено селото Уканц. Уканц е одлична точка за истражување на околната природа, како што е врвот на планината Вогел, кој го нуди еден од најубавите погледи во Европа. Лисјата на есен имаат жар црвена и златна боја, која се рефлектира на кристално чистото езеро. Во близина на селото се наоѓаат водопадите Славица, а можете да организирате и планинарење до Долината на триглавските езера.

Виклоу, Ирска



Ако не сакате гужва, најдобро време за посета на ирските планини е токму есента. Ако сте расположени за планинарење, ова навистина е идеално место, преполно со водопади. Можете да истражувате и историски места како што е Глендалоф, а одмор по активностите побарајте во најблискиот паб.

Баварија, Германија



Бројни градови, дворци, прекрасна природа... Баварија е место каде што навистина има што да се прави. Ако сте расположени за активен одмор, може да се искачите до Алпите, ако сте љубители на историјата посетете ги 25-те дворци и палати. За гурманите и љубителите на пиво, посетете го Октоберфест во Минхен.

Трансилванија, Романија



Трансилванија најмногу ги привлекува љубителите на мистериите и најстариот вампир, грофот Дракула. Но, овде ќе најдете и прекрасна природа и многу средновековни дворци. Тркнете на прошетка до планината Фарагаш, каде што има над 20 врвови чии погледи ќе ви го одземат здивот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби