Персоналот открива: Бонтон однесување кое треба да го имаат гостите

Додека сме на одмор сакаме целосно да се опуштиме и да заборавиме на сите обврски, па дури и на пристојното однесување.

Сепак, некои работи не треба да ги занемариме, а токму на тоа не потсетува собарката Британи Кригстејн, која преку Business Insider кажува како треба да се однесуваат гостите кои престојуваат во хотел.



На собарките не им е пријатно кога ќе ги начекаат гостите (полу)голи додека им носат јадење во соба, па за да нема непријатности ги советува да бидат облечени.

Иако менаџерите најверојатно сакаат да го видат мини барот испразнет, на собарките кои се задолжени за негово полнење, тоа и не им е толку драго.

- Во нашиот хотел држиме над 20 видови грицки и пијалаци, а ја морам да ги пребројувам и да ги дополнувам ако нешто недостига. Секој ден во секоја од 144 соби. За тоа да го направам, морам да носам продукти на тешки колички, а ако ги нема таму, морам да го поминам целиот хотел за да стигнам до магацинот. Целиот овој процес може да трае и до три часа, споделува Британи.

Персоналот на луксузните хотели има за цел да ги задоволи гостите, па мора да ги исполнува нивните барања. Сепак, немојте да претерувате.

- Организираме свршувачки, раскошни забави за изненадувања, сервираме шампањско на плажа, но не можеме да ви правиме резервација за чартер лет за Гуам, тоа си е ваша обврска.



Ако не сакате некој да ви досадува во соба, само поставете го знакот за тоа на кваката од надворешната страна, па нема ни да ви затропаат. Инаку, должност им е неколку пати да влезат во собата и да исчистат, па немојте да се лутите кога тоа го прават.

Во луксузните хотели со пет ѕвезди, обично престојуваат познати личности, но персоналот за тоа не може да зборува, а понекогаш дури ни самите не знаат кој се наоѓа во хотелот. Она што е добро да го правите е да зборувате со вработените, да го прокоментирате времето или пак како ви се допаѓа хотелот. Повратната информација е важна. Некои луѓе знаат да бидат премногу критични, додека други приговараат само кога им пречи нешто. Вработените сакаат да знаат што може да направат за да се чувствувате подобро, па добро е тоа да го кажете на фин начин.

Треба да покажете почит кон сите, а може и слободно да ги поздравите во ходникот.

Послугата во соба нарачајте ја што побрзо. Кога завршува времето за оброците, на готвачите им завршува смената, повеќе нема кој да подготви појадок или ручек, а храната не се подготвува однапред во неограничени количини.

Ако престојувате во луксузен хотел, може да очекувате и специјални привилегии. Ако споменете колку ви се допаѓа новата градина во хотелот, очекувајте букет цвеќе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби