УНИКАТНИ ГРАДБИ

Дубаи – град на иднината

Екстремно висока архитектура, 3D принтани згради, автономни автомобили, Hyperloop транспорт – ова е само мал дел од футуристичките проекти кои се во план за остварување во Дубаи. Еве зошто ова е вистински град на иднината:


Музеј на иднината

Овој музеј чие мото е „Гледај ја иднината, креирај ја иднината“ треба да се отвори во декември 2018-та, и ќе служи како инкубатор за нови, футуристички иновации. Музејот е замислен како оддел за истражување и развивање на Министерството за иднина.

Роботска Олимпијада

Дубаи во 2017-та планира да е домаќин на „Роботска Олимпијада“ која ќе се одржува секои 2 години, и ќе вклучува 9 категории: трки на автономни возила, трки на дронови со и без екипаж, роботско трчање, роботски фудбал, роботско пливање, роботски пинг-понг, роботско борење, како и “cybathlon” настан.

“Кулата“

Најновото архитектонско чудо во Дубаи, кое треба да биде комплетирано во 2020-та е наречено, едноставно, „Кулата“. Проектот чини 1 билион долари, а се работи за кула висока неполн километар (928m), за 100m повисока од Burj Khalifa. Меѓу другото, во неа ќе има хотел, вертикални градини, ресторани, и палуба за набљудување од 360 степени.

Hyperloop систем

Во септември ќе биде одржан натпревар за дизајн на Hyperloop систем со должина од 105 километри кои ќе ги поминува за помалку од 10 минути.

3D принтана архитектура

Годинава Дубаи ја претстави првата 3D принтана канцелариска зграда за чија изработка беа потребни само 17 часа.

Drone Prix

Во март годинава Дубаи беше домаќин на првиот „World Drone Prix” во светот, каде што 150 натпреварувачи ги тркаа нивните воздушни дронови на стаза со должина од 591m., а победникот доби награда од $250 000.

Ziggurat пирамида

Ова е еден од поамбициозните проекти на Дубаи – замислена како пирамидална структура која треба да вдоми 1 милион луѓе, Зигурат пирамидата ќе користи природни и обновливи извори на енергија и ќе има интегриран транспортен систем.

Автономни возила до 2030

Планот на Дубаи е 25% од нивниот транспортен систем да користи вештачка интелигенција и автономни системи до 2030-та година. Доколку овој план успее, Дубаи ќе има нај „умен„ и нај безбеден транспортен систем во светот.

Вештачка планина

За да подобро се справат со врелите и суви сезони во текот на годината, владата на Дубаи сериозно размислува за градење на планина која ќе помогне за ги зголемување на бројот на врнежите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби