ПЕТ СОВЕТИ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ

Ако Индија е вашата следна дестинација

Индија е прекрасна и егзотична дестинација. Мистична, колоритна, сиромашна, но горда на своето наследство, традицијата, храната и обичаите кои населението се обидува да ги зачува до ден денешен.



Што треба да направите пред да заминете кон оваа прекрасна земја? Ова се петте совети со кои ќе го направите престојот попријатен и помалку стресен.

1. Добро истражете ја дестинацијата во која ќе патувате



Голем број на луѓе патуваат во Индија за забава, а дел од луѓето патуваат за бизнис. Добро истражете ја дестинацијата и што таа нуди според она што ви е потребно. Исто така поради големината на градовите, а и помалку примитивниот начин на транспорт, пронајдете безбедни начини да стигнете до местото на кое сакате на време. Не би сакале да го поминете времето чекајќи на железничка станица, па затоа добро информирајте се за се, не само за транспортот.

2. Спакувајте ги само основните работи



Не би сакале да изразите непочитување кон културата и населените во Индија. Па затоа од облека спакувајте ја таа која е со долги ногавици (а и долги здолништа). Исто така спакувајте доста марами, долна облека и обични маици кои ќе можете да ги пресоблечете често ако многу се потите. Не носете харана од дома, освен ако немате здравствени проблеми или алергии на дел од состојките во храната, но понесете и само основни лекови. Носењето на храна, ќе ги навреди домаќините и нема да имате можност да ја дегустирате прекрасната индиска храна.

3. Понесете скромна облека



Исто така не би сакале да се истакнете во негативна конотација. Понесете скромна облека со која ќе бидете прифатени подобро од локалното население, а ако ви понудат да се приспособите на облеката во местото во кое што сте сместени, направете го тоа. Обојте ги рацете со к’на и дозволете си да облечете сари, ако тоа е опција.

4. Подгответе се психолошки за Индија



Многу луѓе, хаос, автомобили, продавачи на улица, питачи и ужасен сообраќај на пеколни температури со многу влажност. Исто така најверојатно ќе наидете на многу необични, па дури и ужасни миризби, гласна музика и гужви во кои тешко ќе можете да се движите дури и пешки, а камоли со автомобил. Не губете нерви и прифатете го тоа. Не можете ништо да сторите.

5. Понесете кеш



Не само што треба да понесете повеќе кеш, туку и валутата треба да ја конвертирате во рупии. Причината поради која се препорачува да понесете многу кеш, е затоа што банкоматите често не функционираат, а банките се пренатрупани и конфузни за странците. Кешот ќе ви помогне ако се најдете на непознат дел од градот во кој што се наоѓате, но и како можност за оставање на бакшиш.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби