КОЛОРИТНО И МАГИЧНО

Сент Лусија: Бора Бора во Карибите

Сент Лусија е единствената земја во светот која е именувана по жена. Малечкиот остров во Карибите е именуван од страна на Французите по Света Луси, христијанска маченица.

Французите биле првите кои го населиле овој остров во 15-от век, и се до 19-от век тој бил француска колонија. Англиските освојувачи подоцна го превземале од Французите откако станал атрактивна дестинација но и голем извозник на шеќерна трска. И иако се верува дека Кристофер Колумбо никогаш не стапнал на островот, тој заедно со неговиот брод поминал покрај него.



Островот е долг 43 километри, 22 километри широк и според голем дел од туристите можеби најубавиот во Карибите. Англискиот јазик е уште официјален јазик, но голем дел од населението го зборува креолскиот и францускиот јазик.



Ако сте во Soufriere, во близина ќе ги најдете двата вулкански врвови наречени „питони“ а таму се и најголемите туристички одморалишта, егзотични хотели и резорти.

Jade Mountain е можеби најпознатиот од тие резорти со 24 апартмани попознати како „засолништа“. Секое од нив има поглед кон прекрасната кристална вода, нуди приватности и често можете да ги најдете како омилена дестинација на најпознатите славни личности.

Таму тие нема да бидат малтретирани од папараци, фанови и можат глатко да се движат низ руралната област. Исто така Сент Луција е популарна дестинација и затоа што е релативно поефтина од останатите острови во Карибите како Белизе, Доминиканска република, Тринидад и Тобаго, Барбадос....



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби