СИТЕ САКААТ ДА ГИ ИМААТ

7 сувенири од 7 светски земји

Кога ќе појдете на некое патување во странска земја посакувате да се вратите со некој сувенир кој ќе ве потсетува на земјата. Сигурно дека ќе земете некој магнет или ситница, но најверојатно сакате да го купете и она што најдобро се изработува токму во тој регион. Што е она по што се познати одредени земји?

Италија: Производи од кожа



Салваторе Ферагамо и Гучо Гучи се имињата кои станаа синоним за луксузни кожни производи. Во Италија има долга традиција на тргување, а по многу обиди, конечно Италијанците дојдоа до најфино изработена кожа. Секако, главниот град на модата е Милано, каде што ќе пронајдете скапи и познати брендови, но ако знаете каде да барате, ќе пронајдете исклучително квалитетни чевли и торби по нормална цена.

Индија: Накит



Во Индија накитот отсекогаш бил дел од традицијата. Всушност, еден од најславните дијаманти, Koh i Noor, е пронајден токму во Индија и е поклонет на кралицата Викторија. За разни фестивали и свечености, Индијците се китат со секаков накит, а ако некогаш патот ве однесе во Делхи, посетете ги двата огромни пазари, Cadni Cok и Dilli Haat.

Франција: Вино



Зарем се сомневавте? Со оглед на големите винови лози кои се распространети во Франција, виното овде може да го најдете по многу ниска цена. Не треба да потрошите неколку стотини евра на скапи шишиња, но дури и ценетите марки може да ги добиете за 5-10 евра. Ако сте љубител на виното, посетете ја винарската визба Birgundia и набавите неколку добри шишиња вино.

Исланд: Волна



Секако, Исланд не е најголемиот светски произведувач на волна, но исландската волна е уште од 9 век позната како единствениот материјал кој ќе ве топли. Дозволете си себеси култен Lopapejs џемпер, а ако сакате модерни работи, посетете ја продавницата GuST.

Кина: Свила



Според легендата, свилата во Кина се изработува цели пет илјади години. Ако сте во Пекинг, упатете се на главниот пазар за свила, која се наоѓа во близина на Светскиот трговски центар. Овде над 1700 пазарџии нудат свила. Ако барате нешто поевтино, тогаш градот Suzhou е вистинскиот избор за вас, кој воедно е и познат како главниот град за свила во земјата.

Швајцарија: Часовници



Во Швајцарија може да купите луксузни часовници од познати марки, како што е Rolex. Но, ако не сте при пари, тогаш доволно е само да ги погледнете.

Куба: Цигари



Кога веќе сте турист на Куба, не ви преостанува ништо друго освен под чадорот за сонце да си запалите добра цигара. Најпознати се оние од марката kohiba, а да бидете сигурни дека купувате оригинални, побарајте ги во продавниците La casa del Habano. Ако сте заинтересирани за тоа како се изработуваат, посетете ја легендарната фабрика Partagas.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби