Најубавите островски дестинации за идната година

Иако летото само што помина и можеби не размислувате каде ќе одите идното лето, добро е на време да ги разгледате опциите.

Една од нив е да посетите некој остров, но за тоа ви е потребно истражување. Познатиот сајт Booking.com, ги собра рецензиите од патниците со цел да ја состави најдобрата листа на идилични островски оази за совршен одмор во 2017 година.

Издвоени се седум дестинации според препораки на корисниците на порталот.

Пантелерија, Сицилија



Пантелерија е еден од ретките медитерански острови, кои не е зафатен со масовен туризам. Една од главните причини поради кои овој остров не е толку посетен е поради тоа што нема песочни плажи. Темниот вулкански камен доминира на неговото крајбрежје. Недостатокот од песочните плажи е сосема заборавен благодарение на приватноста и мирот кој го нуди островот. Овде можете да се опуштите покрај базените со морска вода.

Во внатрешноста на островот можете да го пронајдете и убавото езеро Specio di Venere, кое се наоѓа во вулканскиот кратер и се полни со изворска вода и дождовница.

Колочеп, Хрватска



Прекриен со борови и опкружен со кристално чисто море, Колочеп е најмалиот и најмирниот од трите Елафитиски острови. На островите се сместени две прекрасни села, кои се наоѓаат во мали заливи и во кои живеат само 163 жители. Островот, покрај прекрасните плажи, нуди и уживање во шетањето меѓу маслиновите градини и старите цркви.

Островите Сили, Велика Британија



На островите Сили ќе имате чувство дека сте се вратиле во минатото. Островот Треско станал засолниште на црвената верверичка, а покрај величествената природа, можете да се воодушевувате и на билките кои растат во градината Tresco Abbey.

Благата клима им овозможува на суптропските билки идеални услови за раст, поради што овој остров е познат по неверојатните комбинации на бои. Егзотичните билки и винови лози растат на сводовите, а палмите надвиснуваат над терасите кои водат до морето.

Меганиси, Грција



Меганиси за некое чудо се уште не е доволно познат остров и покрај неговиот автентичен медитерански шарм. Со небесно сината и магично белата боја, рибарската марина и локалните места, на овој остров е многу лесно да се заборави на секојдневниот живот и обврски.

Сен Џон, Кариби



Сен Џон припаѓа на Девствените острови, а самиот остров е заштитен како национален парк. Иако карипските острови се познати по плажите, овде можете да уживате во прекрасни прошетки во природа и по нуркањето меѓу коралните гребени.

Ришири, Јапонија



Ришири е помал познат остров со богата понуда. Островот доминира со истоимената планина, неактивниот вулкан, прекриен со снег, кој се издига над бескрајното зеленило. Иако се наоѓа на само два часа лет од Токио, ќе имате чувство дека сте многу подалеку. Уживајте во недопрената природа и набљудувајте го заоѓањето на сонцето над океанот.

Капраја, Италија



Капраја има статус на заштитен национален парк, што значи дека е рај за сите љубители на природата. Островот со вулканско потекло, сочинет е од разнобојни, остри формации на камења, прекрасни пештери и карпи, кои се издигнуваат над синото море. Планинарењето е препорачана активност за сите посетители, а патеките ве водат од римските рушевини и старите тераси кон неверојатни места. Освен карпите, на островот се наоѓа и мала плажа на која одмара локалното население.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби