Берлин – градот на слободата

Берлин, покрај Барселона е градот каде што повеќето млади би сакале еден ден да живеат. Ако помислувате дека градот е тмурен и постојано со ладни температури, се лажете, затоа што таму владее сосема нормално сончево време со температури до 15 степен овој период од годината.



Секоја есен се одржува Фестивалот на светлината. Неколку дена сите знаменитости во Берлин се како нови, сјаат од рефлектори, светлосни ламби и уметнички проекции.

Градскиот сообраќај е многу добар, а градот е одлично поврзан, па со едно метро може да тргнете од Александерплац, а ќе стигнете до Хакешер пазарот, каде што ќе уживате во околните улички. Овде ќе најдете многу скриени продавнички и кафе барови, полни со графити и мурали.



Скриените делови на градот ќе ви покажат каков е всушност Берлин. Бурен, алтернативен и див град во кој ќе дишете со полни бели дробови. Не е стерилен и претерано чист, ниту пак нашминкан, но има упадлива космополитска атмосфера.

Луѓето кои живеат во Берлин ќе ги препознаете по необичниот стил и опуштеност. Ова е еден од ретките градови во кој обезбедувањето нема да ве пушти во клубот, затоа што сте претерано дотерани за опуштената атмосфера внатре. Се негуваат индивидуалноста, слободата и уметничкиот дух.

На крајбрежјето на реката Шпреје може да седите и да уживате во сонцето или да пловите со некоe од локалните кајчиња и да го гледате градот од поразлична перспектива.



Градот има премногу зелени површини, па може слободно да изнајмите велосипед и да се возите или пак да се шетате низ паркот Тиергартен, кој се наоѓа помеѓу Зоолошката градина и Брандербушката капија. Во самиот парк има многу патеки, скриени места и езера.

Во Берлин храната е одлична! На секој ќош може да најдете по нешто за сечиј вкус. Пробајте колбас со кари и сос од домати, но немојте да пропуштете и виетнамска, тајландска, индиска или јапонска храна. Овде живеат голем број на емигранти, така да вкусот на храната е скоро автентичем како и во нивните земји.



Ноќниот живот во Берлин може да трае бесконечно, бидејќи некои забави не престануваат цели 48 часа. Едни од најдобрите клубови се Trezor и Berghain, каде што познати ди-џеи пуштаат музика.

Сепак, Берлин не можете да го почувствувате целосно само од фотографии, видеа или приказни, туку мора да го посетите и да ја почувствувате неговата енергија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби