Каде е најевтино да скијате оваа сезона?

Температурите се уште не се под нулата, но веруваме дека многумина од вас бараат каде ќе се упатат на зимски одмор и ќе се радуваат на снежните денови.

Сигурно се прашувате каде ќе се спуштате, на кои патеки ќе скијате и дали има нешто подобро од најубавите во Австрија и Франција. Исто така, едно од главните прашања е и цената на скијањето и скијачката карта. Ако барате најевтино скијање, мора да ги заборавите Швајцарија, Австрија и Франција и правец кон Бугарија.



Бугарското место Банско и оваа година е прогласено за најевтин скијачки центар во Европа. Имено британската веб-страна Post Office објави анкета за најдобри европски скијачки центри.

За да скијате во Банско 6 дена, потребни ви се 300 евра, а во цената се вклучени опремата, картата и тренинзите за скијање, како и храната и пијалаците кои се нудат токму на тие патеки. Колку за споредба, една дневна карта за скијање на многу австриски скијачки центри изнесува околу 50 евра.

Веднаш зад Банско се наоѓа словенечкиот скијачки центар Крањска Гора. Таму за истите услуги како и во Банско потребно е да одвоите 375 евра.

Сепак, судејќи по овие истражувања, поволно може да скијате на три големи скијачки центри. За одмор во италијанскиот Сестриер треба да платите 395 евра, во Ливињ 404, а во австрискиот Елмау 448 евра.



Ако живеете на висока нога и вашиот џеб дозволува да потрошите малку повеќе, тогаш најдобро е да се упатите кон најубавите патеки во Зермат, каде што ќе треба да одвоите сума од 968 евра. Колку за утеха, ни ова не е најскапиот скијачки центар, бидејќи ако го посетите Брекенриџ во Колорадо, за 6 дена ќе треба да потрошите вртоглави 1254 евра само за скијање!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби