БИСЕРОТ НА МАКЕДОНИЈА

Наш град се најде во Топ градови за посета во 2017 година

Најпознатата страна за патување, Lonely Planet, секоја година прави топ листи за најпосетени градови и земји, но и дава предлози за градови кои треба да се посетат според анкетата на која одговараат нивните читатели од целиот свет.

Овие денови конечно ја споделија долгоочекуваната листа на топ градови кои треба да ги посетиме во 2017 година, а на неа се најде и еден македонски град.

1. Бордо, Франција



Порано овој град го нарекуваа „Заспаната убавица“, но сега убавицата е будна и подготвена за акција. Оддалечен е од Париз на само два часа, а токму овој период е особено поволен за да го посетите. Може да дегустирате вино и да уживате во разни уметности, а гастрономијата е единствена за овој дел од Франција.

2. Кејп Таун, Африка



Африканците мошне напорно работеа за да ја издигнат кулурната вредност на Кејп Таун на високо ниво, привлечно за туристите. Освен тоа, доволно е природата која освојува на прв поглед. Овде може да си купите најразлични тропски овошја или да ги вкусувате истите во интересните и несекојдневни ресторани. Ако се одлучите да го посетите во септември, тогаш ќе го погледнете и отварањето на музејот на современа уметност на Африка MOCAA, кој е најголем музеј во оваа земја.

3. Лос Анџелес, САД



Без разлика на репутацијата дека Лос Анџелес е град на познатите, со тек на време стана дестинација која е меѓу најпосакуваните во САД. Исто така, изградени се речиси над 50 хотели, кои овозможуваат целосно уживање. Ова не е град само на песочните и убави плажи, туку и на прекрасните филмски продукции.

4. Мерида, Мексико



Во Мерида во еден ден може да сретнете музика во живо, уметнички шоуа и танцувачки перформанси, зачинети со гурманска храна. Оваа година, токму овој град беше прогласен за Американски град на културата, што значи дека доколку се одлучите да го посетите ќе искусите многу културни настани.

5. Охрид, Македонија



Охрид нуди неверојатно сина боја на своето езеро, кое мора да се прошета со брод. На крајбрежјата ќе забележете неколку стари цркви (вкупно 365), а исто така може да го гледате и широкиот охридски хоризонт од Самуиловата тврдина. Градот се трансформира од религиозен центар до бизнис одмаралиште.

6. Пистоија, Италија



Многумина за овој град велат дека е „Мала Фиренца“ со оглед на уметноста и архитектурата која ќе ја забележите овде. Идната година, Италијаните ќе го прогласат овој град за град на културата, благодарение на редовните културолошки настани кои се случуваат постојано.

7. Сеоул, Јужна Кореја



Со децении, Сеоул се труди да стане попривлечен град за луѓето и попријателски настроен. Исто така, се труди постојано да сади дрва со цел да се прочистува воздухот и жителите да имаат поздрав живот. Ако планирате да го посетите, идната година, не заборавајте да влезете во неговата „небесна градина“ Skygarden, од која нема да посакате да си заминете.

8. Лисабон, Португалија



Пејзажи, култура и кујната се она што од прва ќе ве освои во овој град. Неговиот мистичен поглед ќе направи да се почувствувате како да сте во некој град како што е Барселона или Рим.

9. Москва, Русија



Во 2017 година, токму овде ќе се одржи светското првенство во фудбал, па тоа е одличен период за да уживате и во знаменитостите на Москва. Новиот аеродром и новото метро ве поврзуваат со центарот на градот. Исто така, мора да ги посетите и Политехничкиот музеј и Едукацискиот центар, кои се сместени во мошне драматични градби.

10. Портланд, Орегон



Овој град како да не се труди да импресионира никој, а всушност ги импресионира сите. Ова е градот на иднината во Америка: пријателски, достапен, етичко место кое нуди добар живот и активности со амбиција. Од овде најдобро ќе се гледа помрачувањето на Сонцето кое ќе се случи на 21 август идната година, па одличен период е за да го посетите градот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби