Најдобри места за патување во текот на годината

Доколку планирате некаде да патувате, добро е да имате во предвид кој месец од годината одредени дестинации се поевтини и попристапни.

Цените се менуваат во зависност од тоа дали, на пример, хотелот нуди попусти поради големи национални празници, дали има добри понуди поради туристички случувања како спортски настани, и сл. Еве кои дестинации вреди да се посетат во одредени месеци од годината:

1) Јануари – Мелбурн

Посетата на Мелбурн во јануари значи дека можете да ги искористите ниските цени помеѓу Божиќната треска и Australian Open, кои привлекуваат огромен број на туристи. Просечната цена за хотелска соба во врв на сезоната изнесува $150 за една ноќ, но во јануари таа цена се спушта и до $112.

2) Февруари – Хонг Конг

Во овој месец цената на хотелско ноќевање се спушта до $125 за хотел со 4 ѕвездички, а тогаш е и најдобриот период за шопинг (поради попустите) и посета на интересни културни локации, бидејќи тогаш е Spring Lantern Festival и Кинеската Нова Година.

3) Март – Буенос Аирес

Буенос Аирес во март е идеален за прошетки, бидејќи времето тогаш е слично на „нашето“ есенско. Хотели со 4 ѕвездички се наоѓаат за $55 од вечер, што трошокот за патување до таму го прави исплатлив.

4) Април – Копенхаген

„Шпицот“ на туристичката сезона во Копенхаген трае од мај до октомври, а во ваков малечок град тоа значи дека тогаш гужвата е огромна. Доколку го посетите во април, ќе може да заштедите до 38% од цената на хотелската соба, и нема да се справувате со скандинавските супер-кратки денови и студени зимски температури.

5) Мај – Лондон

Лондон е секогаш скап, но во мај цените се далеку попристапни во однос на останатиот дел од годината, особено ако го посетите по празникот May Day. Просечната цена на ноќевање таа недела изнесува $216.

6) Јуни – Пекинг

Во јуни во Пекинг нема празници, што значи и не „врие“ од туристи. Ноќевање во хотел со 4 ѕвездички тогаш чини во просек под $80.

7) Jули - Сиднеј

Во средината на “нашето“ лето во Сиднеј ќе ги избегнете ултра-топлите денови, бидејќи тогаш таму е зима со температури од над 15-тина степени, а ќе можете да заштедите и до 44% на хотелските цени во споредба со цените за време на туристичката сезона.

8) Август – Берлин

Берлин нуди добри хотелски понуди низ целата година, но најголемите попусти се во август, кога ноќевање чини околу $100.

9) Септември – Рим

Сите патишта водат во Рим, а вас најдобро е патот да ве води таму во септември. Бидејќи повеќето европејци во август одат на одмор, градот тогаш е помирен. Цените за ноќевање во хотел со 4 ѕвезди се движат околу $131

10) Октомври – Кејптаун

Во октомври хотелите се во просек не повеќе од $80 за ноќевање.

11) Ноември – Рио де Жанеиро

Ако сте во Рио, сигурно ќе сакате да ја посетите плажата Копакабана – а во ноември температурите се идеални за тоа, околу 26 степени. Најскапата сезона тука е доцна во декември, кога цените за престој се околу 37% повисоки.

12) Декември – Лас Вегас

Не постои поголем и по храбар начин да се прослават празниците отколку пат во Лас Вегас - тогаш цените на хотелите се најевтини, дури за 60% пониски во однос на останатиот дел од годината, и изнесуваат во просек $84 по ноќевање (во третата недела од месецот). Уште подобро доколку ви се посреќи на коцка, па патот или престојот да ви испаднат гратис.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби