ПРОВЕРЕТЕ ПРЕД ДА ТРГНЕТЕ

Величествени градови со најдобри цени и квалитет

Кога одлучувате да посетите некој град, големо влијание врз буџетот имаат цените и квалитетот кој се нуди. Сигурно не сакате да јадете нешто неквалитетно, иако тоа чини многу малку. Сакате да ги дознаете цените за гастрономските понуди, како и знаменитостите кои што ќе може да ги посетите. За таа цел, одделивме неколку градови низ светот, кои ви нудат евтини цени и добар квалитет.

Прага, Чешка



Во една од најпосакуваните европски дестинации, Прага, еднособен апартман може да пронајдете за 30евра од вечер. Градскиот превоз исто така е поволен, вклучувајќи го и метрото, но со оглед дека најверојатно ќе посакате апартман близу центарот, прашање е колку и ќе користите превоз. Гастрономската понуда е огромна, а овде ќе најдете различни кујни од светот и тоа за задоволувачка цена. Ако сте тип кој ја сака културата, ни музеите нема да ве чинат многу. Исто така, може да се прошетате до Карлов мост, кој нема да ве чини ниту едно евро.

Индија



Ако се упатите кон Индија, единствено нешто што ќе ве чини повеќе е авионската карта, која може да се најде за помалку пари доколку редовно ги проверувате цените кои се нудат. Но, билетот ќе ве увери дека сте дошле на вистинското место, кога за 20 евра ќе прошетате различни знаменитости и ќе се најадете. Во славната Гоа, големите бунгалови чинат околу 20 евра, со вклучено чистење. Секако, да не ги заборавиме и лудите забави на плажи, а за 10-тина евра ќе може да изнајмите и мотор.

Зимбабве



Во туристичкото место Викторија Фолс (во близина на познатите Викторијани водопади) една ноќ во хостел чини 10 евра. Уличните тезги и продавници ги има на секој чекор, па за смешни пари може да консумирате храна, но и да купите некоја африканска облека. Овде е присутна и размена на роба, па може да спакувате некои стари алишта, кои ќе може да ги замените со некој сувенир.

Панама



Земјата која најверојатно ви е позната само по славниот канал, крие многу интересни работи, а по некои истражувања нејзиниот главен град Панама Сити е третиот најевтин град во светот. Овде се е за џабе. Панама најбрзо се развила од сите земји во Латинска Америка, па секојдневно никнуваат нови хотели и ресторани. Во хостел може да преспиете за 10 евра, иако и хотелите не се толку многу скапи. Картата за јавниот билет би ве чинела 10-20 денари, а пивото 40-50 денари.

Велика Британија



Британија никогаш не била евтина земја, но по Брегзит, фунтата значително опадна, па сега некои работи ќе се плаќаат многу поевтино. До Манчестер и Ливерпул летаат навистина поволни летови за многу евтина цена. Можеби ќе треба да платите повеќе за сместување, но влезот во сите музеи е бесплатен, со што може да прошетате колку што сакате.

Боливија



Ако сте подготвени на авантура, прошетајте се до Јужна Америка, која ќе ве изненади со ниските цени. Спиењето во хотел ќе ве чини само 3 евра од ноќ, додека целосен ручек ќе платите за 2 евра. Ако сте доволно храбри, може да одите на тридневна авантура во амазонската џунгла, за што ќе издвоите околу 160 евра. Земјата има прекрасна природа, па во која насока да тргнете, нема да згрешите.

Бугарија



Земјата која веќе неколку години е членка на Европската Унија се уште е мета на многу туристи. Во Софија, јадење со вклучено вино нема да ве чини повеќе од 13 евра. Постојат разновидни јадења кои ќе може да ги пробате. Сепак, Бугарија не е само Софија. Може да го посетите и црноморското крајбрежје кое нуди многу поволности, додека пак за овој период, ставете го Банско на листата на зимски места за посета, затоа што е најевтиниот европски скијачки центар.

Мексико



Огромна земја, во која секоја од 31 земја има што да понуди. Ако сте вљубеник во храната, посетете го градот на југ, Оаксака де Хуарез, кој ќе ви понуди она што не сте го замислувале. За неколку евра може да пробате локални специјалитети, да пробате тако или тортиља и да уживате во силните зачини. Хостелот таму ќе ве чини 10 евра, а во близина на градот се наоѓаат многу знаменитости. Секако, може да го изберете и Мексико Сити, но градот е огромен, па би ви требала половина година за добро да го прошетате.

Полска



Во Варшава и Краков, може да преноќите за пристојна цена, а храната е евтина и тоа ја служат во големи порции. Пивата во некои кафе барови ќе ги платите помалку од 1 евро, а ако сакате навистина да се почестите тогаш може да посетите ресторан со Мишелинова ѕвезда, па таа вечера ќе ве чини околу 60 евра. Градовите се преполни со дворци, цркви и музеи, ако сте љубители на такви градби, ќе се изнагледате на прекрасни пејзажи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби