Седум најстудени места за живеење

Ако се уште не сте навикнале на ладното време, ќе ви прикажеме колку може да биде поладно во други места на светот. Луѓето од тие места посакуваат да ја доживеат оваа температура со која ние моментално се соочуваме. Погледнете ги најладните места за живот:

Ојмјакон



Ова е најладното населено место, кое се наоѓа во североисточна Русија. Просечната температура во јануари изнесува -50°С. Околу 500 жители се соочуваат со проблеми кои што ние не можеме ни да ги замислиме: им замрзнува маслото во автомобилите, а мобилните телефони не им работат. Автомобилите не ги гасат, бидејќи се плашат наутро дека нема да ги запалат. Училиштата се затвораат само ако температурата падне под -52°С.

Верхојанск



Според податоците од 2002 година, во овој град во Русија, живеат 1434 луѓе. Просечната температура во јануари изнесува -45°С, а најладната температура е измерена во 1892 година, кога изнесувала -67.7°С!

Интернешнал фолс, Минесота



Ова е едно од најладните места во САД. Се наоѓа на границата со Канада, а е дом на над 6.000 жители. Просечната температура во првиот месец од годината изнесува -19°С.

Фрејзер, Колорадо



Селото кое лежи на 3.000м надморска височина, се наоѓа во близина на познат ски центар, а во него живеат 910 луѓе. Просечната годишна температура изнесува 0°С, а во јуни паѓа под нулата.

Јакутск



Во септември во овој руски град почнува полека сè да замрзнува, а таква е ситуацијата сè до март. Во јануари просечната температура е измерена -36°С, но околу 200.000 жители скоро и се навикнале на овие температури.

Хел, Норвешка



Ова место стана познато благодарение на своето име. Во „Пеколот“ доаѓаат многу туристи само за да се фотографираат на натписот на кој пишува „Hell“, но повеќето се осмелуваат да го посетат кога времето е потопло.

Улан Батор



Ова е најладниот главен град во светот, кој се наоѓа во Монголија. Искачен е на околу 1300м надморска висина, а температурите во јануари во просек изнесуваат -16°С.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби