ИРСКА, ИТАЛИЈА, АВСТРИЈА...

5 најдобри дестинации за љубителите на храна

Храната, без сомнение е важен дел од секое патување. Но, за некои, таа е единствената причина за патување. Ако спаѓате во овие вториве, еве неколку дестинации кои нема да зажалите доколку ги посетите и ја испробате најдобрата храна таму

1) Галвај, Ирска – остриги

Иако Ирска е по позната по Guinness пивото и ирското виски, секој вистински љубител на остриги треба да го посети Галвај и да ја проба познатата острига Кели. Задолжителна локација е Moran's Oyster Cottage, ресторан отворен уште во 1797-ма кој е сопственост на иста фамилија веќе седум генерации. Во септември тука секоја година се одржува и интернационалниот фестивал за остриги и морска храна.

2) Неапол, Италија – пица

Неапол е родното место на пицата, која се спомнува уште во 16-тиот век. За да неаполската пица да го задржи статусот, оформена е специјална асоцијација која доделува сертификати за автентичност на пицериите низ светот кои прават „вистинска„ неаполска пица, за која постојат многу строги критериуми. Најдобрите пицерии во градот се Antica Pizzeria Port'Alba, Pizzeria da Michele и Pizzeria Starita.

3) Патот на сирењата во Брегензервалд, Австрија – сирења и кашкавали

Некои велат дека она што Бордо е за виното, Патот на сирењата во Брегензервалд (Bregenzerwald Cheese Road) е за сирењата и кашкавалите. Овој реон се состои од 22 села во кои 160 локални фармери и млекари произведуваат 60 различни видови на млечни производи – над 3000 тони годишно, тука вклучувајќи и млеко, јогурт и путер.

4) Бордо,Франција – вино

Виното Бордо е светски познат поим кој ги вклучува сите вина направени во регионот Бордо во Франција, кој што е нивни најголем регион за производство на вино. Лозовите насади во Бордо покриваат скоро 300 000 акри и произведуваат над 450 милиони шишиња вино секоја година, а во регионот постојат околу 7500 винарии со 60 врсти вино – па може да замислите што за еден љубител на вино би значела една подолга посета на регионот.

5) Токио, Јапонија – свежа риба

Цукиџи пазарот во Токио е еден од најпознатите пазари за риба во светот, но и најзафатениот –дневно тука се разменуваат околу 2000 тони риба. Самиот пазар има стотици ресторани и бутки каде што може да се јаде свежа риба, а доколку сте заинтересирани за ресторан со Мишелин ѕвезди, тогаш задолжителна е посетата на Sukiyabashi Jiro, еден од најдобрите суши ресторани во светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби