ГРАДОТ НА КУЛТУРАТА, БОГАТАТА ИСТОРИЈА И ГАСТРОНОМИЈАТА

Како да поминете совршен викенд во Фиренца?

Викенд во кој било италијански град не може да биде лоша идеја, особено ако поминувате еден викенд во Фиренца, градот на културата, богатата историја и неверојатната гастрономија.

На почеток, ќе ја забележите славната катедрала Santa Maria del Fiore, чија импресивна купола е еден од најчестите мотиви на сите разгледници од овој град. Изградена е од ренесансниот уметник Филипо Брунлески. Влезот во катедралата е бесплатен, а посетата се наплатува 10 евра.



Второ место кое мора да го посетите е галеријата Uffizi. Овде може да ја погледнете уметноста на фамилијата Медичи (која практично ја изградиле Фиренца), а со тек на време, музејот се збогатил и со многу други уметнички ремек дела. Микеланџело, Рафаел, Тицијан, Леонардо, сите нашле место токму во оваа галерија, а најпозната слика која се чува внатре е „Раѓањето на Венера“ од Ботичели. Топла препорака е картите да не ги купувате на лице место, туку на интернет, бидејќи на овој начин ќе платите поевтино и ќе имате директен влез, со што ќе го избегнете чекањето во редот кое некогаш трае и со часови.



Доколку имате време може да го посетите и Ponte Vechio, стар мост кој се простира преку страните на реката Arno. Денес е преполн со златари, додека некогаш таму владееле касапи.

Piazza del Signoria е најпознатиот плоштад, околу кои се сместени неколку палати, но и ресторани и кафе барови.



 Потрудете се да ги избегнувате рестораните за туристи, туку наместо тоа отидете малку подалеку од центарот, каде што ќе најдете многу поповолна храна, бидејќи во центарот рестораните се многу поскапи. Според многубројните мислења на туристите, најдобри сендвичи во градот ќе најдете во SandwiChic, додека пак во Man de Amices ќе ги најдете најдобрите италијански пици.



Ако пак сте заинтересирани за шопинг, слободно упатете се на улиците Via Roma, Via Por Santa Maria и Via Kalimala.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби