НАУЧЕТЕ НЕКОИ РАБОТИ ПРЕД ДА СЕ ПАКУВАТЕ

Што треба да знае секој емигрант кој сака да живее во Берлин?

Речиси третина од граѓаните кои живеат во Берлин, не се Германци, туку емигранти. Луѓето емигрираат токму во овој град поради евтиниот живот, креативноста и лудиот ноќен живот. Сепак, треба да знаете одредени работи, ако и вие сакате да живеете некој период во Берлин.

Иако може да поминете и без нивниот јазик, добро е да знаете германски



Берлин е интернационален град. Во многу фирми работниот јазик е англиски. Речиси сите луѓе под 35 годишна возраст го зборуваат англискиот јазик течно. Сепак, ако планирате да живеете во земјата подолго, добро е да го научите германскиот јазик. Со оглед на тоа дека ќе треба да пополнувате одредена документација, треба да имате во предвид дека истата е напишана само на германски и од вас се бара да ја пополните на германски јазик. Уште повеќе, ќе ви биде полесно да се разберете со сите, па дури и со оние кои не знаат англиски јазик.

Распрашајте се за престојувалиште



Без разлика на тоа што стандардот за живеење е достапен за секого, во Берлин цените за живеење под кирија се скапи. Токму затоа, мора да се распрашате убаво. На интернет, постојат многу работи кои што можете да ги дознаете, а за почеток може да си изнајмите само една соба каде ќе може да делите купатило и кујна со останатите станари.

Сфатете ја вашата социјална улога во општеството



Како новодојденец, многу е важно да сте свесни за влијанието на вашето присуство кое го имате во местото каде што живеете. Дадете сè од себе да го подржите локалниот бизнис. Добро е да бидете набљудувач, како и да волонтирате во некои организации кои ви изгледаат интересни. Распрашувајте се и бидете во тек со настаните кои се случуваат во Берлин.

Научете ја историјата на градот, така повеќе ќе ве ценат



Без разлика која е моменталната ситуација во Берлин, корисно е да ја знаете историјата, бидејќи е единствена. На овој начин, ќе се заинтересирате повеќе како што посетувате познати знаменитости. На пример, кога ќе стоите во Bebelplatz, ќе знаете дека тоа некогаш било место каде што горела озлогласената книга на нацистите. Додека се забавувате во Berghain ќе знаете каков вид на ултиматум се поставил за денес да постои онаа клупска сцена која ја искусувате и вие.

Уживајте во зеленилото



Нема да помине многу време додека сфатите дека граѓаните на Берлин се грижат за околината. Целиот град изобилува со зелени чисти површини и скоро и да нема никакво загадување. Берлинците сериозно си го сфатиле рециклирањето и може да ве предупредат ако не го извршувате тоа како што треба. Исто така, многумина возат велосипеди и се служат со јавен превоз, наместо да ја загадуваат околината со автомобили. Ќе мора и вие да се придржувате до овие непишани правила, затоа што е убаво да се грижиш за градот каде живееш.

Берлин е град на можностите



Секогаш може да се преселите и во Берлин да започнете од 0. Овде се нудат различни можности, па градот е идеален да го следите вашиот сон. Сите се пријателски настроени, па нема да имате проблем што доаѓате од друга земја. Сè што треба да направите е да одлучите што е она што ве привлекува и која е вашата цел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби