Како и секоја година, така и оваа наградите „Mr & Mrs Smith“ за најдобри хотели ги претставија добитниците на награди. Ако се чекирате во некој хотел, тоа не значи дека таму ќе останете само за спиење и дека ништо друго не е важно. Спиењето е можеби една од најневажните работи за гостите, кои сакаат да доживеат многу поразлично искуство во хотелот од сите досегашни.
Оваа година, жирито беше составено од судиите Лорен Лаверн, Хенри Холанд и коктел мајсторот Тони Кониљаро, кои ги избраа најдобрите хотели во светот.
Најдобар хотел: Halcyon House, Австралија
Хотел со најдобар изглед: Palazzo Margherita, Италија
Хотел со најсекси соба: Keemala, Тајланд
Хотел со најдобар бар: The London Edition, Велика Британија
Хотел со најдобро мени: The Old Clare, Австралија
Хотел со најдобро спа: Amanemu, Јапонија
Хотел со најдобар базен: Grand Hotel Tremezzo, Италија
Најдобар фамилијарен хотел: Treehotel, Шведска
Најинтересен креативен хотел: Fogo Island Inn, Канада
Најдобар локален хотел: 11 Howard, Њујорк, САД