8 специфични мостови низ светот

Мостовите имаат едноставна намена – да обезбедат премин од една на друга страна. Но, што ако мостот е направен од дрво кое се распаѓа и е на височина од половина километар на француските Алпи? Доколку сте акрофобични, тоа најверојатно ќе претставува крај на патот, но доколку сте зависник од адреналин, ќе бидете меѓу првите кои ќе се стрчаат по него.

Еве неколку специфични мостови низ светот кои (не) би сакале да ги посетите:

1) Royal Gorge, Колорадо

Овој мост се наоѓа на 300m над реката Арканзас и е највисокиот висечки мост во САД. Изграден е во 1929, но кабли за да го стабилизираат на ветер му се додадени во раните 1980-ти.

2) Мостот на езерото Пончатреин, Луизијана

Не само што е опкружен со вода полна со алигатори, туку после некои 12km веќе нема копно на видик. Овој мост е најдолг во светот кој поминува врз вода, со должина од 38km.

3) Мост на реката Сиду, Кина

Стар 10 години, овој мост се наоѓа на половина километар височина од реката Сиду и е втор највисок мост во светот

4) Aiguille du Midi, Франција

Само за да се стигне до овој мост на Мон Блан е потребно да се патува со жичарница која се искачува на височина од над 2,7km за помалку од 20-мин. На неполни 4km надморска височина, овој малечок мост нуди панорамски поглед на француските, швајцарските и италијанските Алпи и дефинитивно е по малку и застрашувачки да се стои на него.

5) Милау вијадукт, Франција

Највисоката точка на овој мост е повисока од Ајфеловата Кула и е официјално највисокиот мост со автопат на светот. Долг е помалку од 3km, се наоѓа на над 342 метри од земјата, и го поврзува Париз со Монпелие

6) Висечкиот мост Капилано, Канада

Изграден во 1889, овој мост се протега 140 метри над шума, и 70 метри над реката Капилано, а штиците од кои што е направен не се баш најстабилни.

7) Ешима Охаши, Јапонија

Овој мост од далечина повеќе потсеќа на тобоган од забавните паркови, но во реалноста тој има нормална закосеност од 45 степени.

8) Висечкиот мост Хусаини, Пакистан

Мостот се наоѓа над реката Хунза, и ако оштетените штици и јажиња не се доволни да ве предомислат да го поминете, тој често пати е уништуван од напливите на водата под него. Но, тоа не ги спречува стотиците туристи кои чекорат преки него секоја година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби