Плажи кои вреди да се посетат

National Geographic објави долга листа на најубави плажи низ светот, а еве дел од нив:

1) Playa del Amor, острови Мариета, Мексико

Оваа „скриена плажа“ е опкружена со импресивен карпест прстен низ кој има прекрасен видик на сонцето и облаците. Оваа плажа може истовремено да ја посетуваат максимум 6 посетители и тоа само преку одобрени тур-оператори.

2) Плажа на катедралите (Cathedrals Beach), Шпанија

Името го добила поради високите карпи кои личат на готските катедрали, а плажата смее да се користи само за време на осеката, бидејќи кога ќе надојде плимата таа е во поголем дел под вода.

3) Anse Source d'Argent, Сејшели

Со огромните карпи, тиркизна вода, снежно бел песок и палми, оваа плажа изгледа како холивудски филмски сет, па не е ништо чудно што често пати е рангирана како најфотографирана плажа во светот

4) Плажата на школките (Shell Beach), Западна Австралија

На работ на континентот, плажата на школките е дел од Заливот на ајкулите кој е прогласен од UNESCO како светско наследство и е составена од неброено многу бели школки. Тука се наоѓа и ресторан кој е изграден исклучиво од школките од оваа плажа.

5) Папаколеа, Хаваи

За да се стигне до неа потребно е пешачење од некои 3 километри, но патот дефинитивно вреди. Плажата има специфична зелена боја, благодарејќи на малечките кристали наречени оливин, кои се наоѓаат во околните стари карпи.

6) Кас Абао, Куракао, Кариби

Оваа плажа е рај за нуркачи – изобилува со корали, тропски риби, сунѓери, морски желки и др.

7) Корниче, Франција



Corniche е највисоката плажа во Европа (108m), широка е 500m а долга 2,6km. За најубав видик, се препорачува 10-минутното летање со параглајдер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби