ВНИМАВАЈТЕ КАДЕ ПАТУВАТЕ

Најопасните делови во светот каде што може лесно да го загубите животот

Во древните времиња се верувало дека светот е создаден од четири елементи, но секој елемент може да биде смртоносен. На Земјата се наоѓаат бројни места на кои мајката природа покажува колку може да биде опасна. Од смртоносни торнада до ерупција на заспани вулкани, опасноста не демне од сите страни.



Но, која од сите смртоносни зони на планетата е најопасна? Погледнете ги сите смртоносни зони поделени во четири категории, според главните елементи вода, оган, воздух и земја.

Вода



Секој ден ја користиме водата и помалку сме заборавиле дека токму истата може да не убие. Опасните морски и речни струи убиваат илјадници луѓе секоја година, но понекогаш може да бидат и поопасни.

Освен растот на нивото на морето, на бројни големи градови им се заканува опасност од цунами. Речиси ¾ од светските цунами се случуваат во Тихиот Океан, но до нивна појава може да дојде и на сите места каде што постои ризик од подводни потреси. Цунамито може да биде неверојатно смртоносно. Да се потсетиме само на она кое што се случи во 2004 година во Индонезија, каде што починаа 300.000 луѓе.

Уште еден голем ризик се и поплавите, а најсмртоносната се случила на почетокот на 30-тите години на минатиот век, кога реката Јанг се излила од коритото и убила милиони луѓе, според неофицијални процени.

Воздух



Тешко ни е да замислиме дека воздухот може да не убие, но со оглед на загаденоста во нашата земја, која е енормно висока токму оваа година, веќе тоа ни стана реалност. Се работи за невидлив убиец. На некои места, дури и езерата може да се смртоносни. Токму таков пример е езерото Кив, на границата на Конго и Руанда, кое испушта отровен метан.

Ветровите се уште една опасност од воздухот. Редовно слушаме дека поради бурите се затвораат мостови, но може да дојде и до многу поголеми опасности. Циклонот Бола со брзина од 240км на час уби речиси половина милион луѓе во 1970 година во Бангладеш.

Земја



Само почвата по која се движиме е релативно тенка во однос на илјадниците километри врела магма која ни е под нозете. Земјината кора е составена од тектонски плочи и на местата каде што има повлекување на тие плочи, се случуваат земјотреси. Најсмртоносниот земјотрес се случил во 16 век во Кина, каде што починале 800.000 луѓе.

Оган



Земјотресите настануваат при повлекување на тектонските плочи, но кога тие плочи се разминуваат, на површината излегуваат растопени камења во облик на лава од вулкан. Афарскиот триаголник е место каде што дури три тектонски плочи се среќаваат и каде што просечната температура е околу 34°С. Таму живеат луѓе, поточно племињата Афари, кои според многумина не се многу гостољубиви.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби