12 дестинации кои треба да ги посетите додека сè уште постојат

Земјата е дом на неверојатно прекрасни локации, кои поради климатските промени и негрижата на човештвото се во опасност да ги снема во наредните 100 години, а некои дури и порано. Еве дел од нив:

1) Сејшели

Овие острови лоцирани во Индискиот Океан на брегот на Мадагаскар ги снемува поради ерозија на плажите. Тие се во опасност комплетно да исчезнат во наредните 50 до 100 години.

2) Планината Килиманџаро, Танзанија

Помеѓу 1912 и 2007, снежната покривка на планината е намалена за 85%, и доколку продолжи со тоа темпо, снегот наскоро ќе го снема.

3) Патагониските глечери, Аргентина

Овие глечери се едни од најпрекрасните туристички атракции во светот, но сè поретките врнежи од дожд и повисоките температури, предизвикуваат нивно топење и намалување.

4) Шумите на Мадагаскар

Поради бројните пожари и нивно уништување, се предвидува дека овие шуми ќе постојат уште само околу 35 години.

5) Националниот парк Глечер, Монтана

Бројот на глечери во овој национален парк е намален од 150 на нешто помалку од 25. За 15 години нема да постои ниеден.

6) Венеција, Италија

Ако планирате некогаш да се возите во гондола во Венеција, побрзајте – таа тоне со години и не покажува никакви знаци на сопирање. Сè поголемиот број на големи поплави изминативе години придонесува за исчезнување на овој град од канали.

7) Мачу Пикчу, Перу

Остатоците од империјата на Инките привлекуваат милиони туристи годишно, неколкукратно надминувајќи ја дозволената бројка од 2500 посетители дневно, поставена од Перу и UNESCO. Многумина веруваат дека поради ова, како и поради природните свлечишта и ерозија, руините можат да се срушат доколку не се донесат нови регулативи за нивно сочувување.

8) Мртво Море

Мртвото Море кое се наоѓа помеѓу Јордан и Израел е исчезнато за една третина во изминатите 40 години. Сè додека околните земји продолжуваат да ја користат водата од реката Јордан (единствениот извор за вода на морето), Мртвото Море би можело комплетно да исчезне за 50 години.

9) Европските Алпи

Климатските промени имаат големо влијание на Алпите бидејќи тие се на пониска надморска височина, а секоја година губат околу 3% од ледот на глечерите. Тоа значи дека до 2050-та глечерите може сосема да ги снема.

10) Египетските пирамиди

Најпознатите пирамиди се соочуват со ерозија поради загадувањето, бидејќи канализацискиот систем ги слабее плочите врз кои се изградени. Постојат сомнежи дека ова може да доведе до нивен комплетен колапс.

11) Taџ Махал, Индија

Таџ Махал е една од најиконските градби во светот, но некои експерти велат дека може да се сруши поради ерозијата и загадувањето на околното земјиште

12) Кинескиот Ѕид

Најголемата структура изградена од човекот преживеала над 2000 години како омилена дестинација која е задолжителна да се посети, но скорашниот развој на земјоделството довело до тоа скоро две третини од ѕидот да се уништени или оштетени. Тој би можел да се руинира од ерозија за околу 20-тина години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби