Тајни за познатиот Таџ Махал

Секој турист кој ја посетува Индија, никако не го прескокнува познатиот Таџ Махал. Мавзолејот е една од најпознатите градби во Индија, кој ја претставува вечната љубов. Изграден е помеѓу 1632 и 1647 од тогашниот владетел Шах Јахан, кој го изградил во чест на неговата омилена жена Мумтаз Махал, која починала за време на пораѓај. Но, покрај овие работи, грабата крие неколку тајни.

Насекаде може да се забележат оптички илузии



Архитектите и уметниците на Таџ Махал биле господари на пропорциите и триковите кои го мамат окото. Кога ќе стигнете до главната порта на градбата, споменикот ќе ви изгледа дека е многу голем и се наоѓа близу. Но, како што ќе се доближувате до него, се стеснува во големина – сосема спротивно од она што сте го очекувале. И додека столбовите ви изгледаат дека се прави, тие всушност се навалени нанапред, за да формираат една естетска рамнотежа. Но, освен за убавина, столбовите и го штитат споменикот од земјотрес.

Најпознатиот мит е погрешен



Според популарна легенда, Шах Јахан очајно сакал мавзолејот да биде дело на кое му нема рамно. За да се осигура дека нема да има исто такво дело, тој им ги отсекол рацете и му ги ископал очите на архитектите и уметниците кои работеле на овој споменик. Сепак, оваа легенда не е поткрепена со никакви докази, па токму затоа сите веруваат дека е погрешна.

И двата кенотафи се празни



Во внатрешноста на Таџ Махал, се наоѓаат два кенотафи во чест на Мумтаз Махал и Шах Јахан, изградени со мозаици и скапоцени камења наречени pietra dura. Но, прекрасните споменици се само за украс, бидејќи саркофазите се наоѓаат во друга многу потивка просторија.

Редовно ја реновираат фасадата



Со оглед на загадувањето во Индија, белата фасада на Таџ Махал со тек на време станува жолтеникаво-кафена. Поради тоа, споменикот си добива „ден за разубавување“ наречен multiani mitti, со што работници ја чистат фасада и ја обновуваат, па сјајот на градбата се враќа во првобитна состојба.

Ја менува бојата во текот на денот



Една од убавините на овој споменик е тоа што ја менува бојата во текот на денот. Од самрак до зори, сонцето го трансформира мавзолејот. Некогаш изгледа дека е сив или бледо-розов, бел, па дури и портокалов кога заоѓа сонцето. За време на полна месечина, се продаваат специјални карти за негова посета, бидејќи тогаш има посебен сјај.

Планиран бил и црн Таџ Махал



Шах Јахан сакал да изгради уште еден ист Таџ Махал, но во црна боја, која што ќе изгледа како да му е сенка на овој споменик, од спротивната страна на реката Јамуна. Таму сакал да биде погребан токму тој самиот. Сепак, оваа негова желба никогаш не се исполнила.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби