Места со најдобар квалитет на живеење во светот

Секоја година Mercer, една од најголемите светски HR консултантски фирми, го издава својот „Индекс за квалитетот на живеење“, кој претставува еден вид листа на градови кои нудат најдобри услови за живот.

Рангирањето се врши годишно и им помага на мултинационалните и останати компании фер да ги компензираат вработените кога ги поставуваат на интернационални задачи.

Анализирајќи 450 градови низ светот, Mercer во предвид ги земаат следниве карактеристики:

- Политичката и социјалната средина (политичката стабилност, стапките на криминал, односот на полицијата и сл.)
- Економската средина (банкарските сервиси, регулациите при размената на валути и др.)
- Социо-културната средина ( расположивост на медиумите, цензура, ограничувања и персонална слобода)
- Медицински и здравствени услови ( медицински услуги и материјали, инфективни болести, канализација, уништување на отпадот, загадување на воздухот)
- Училишта и образование (стандарди и достапност на интернационални училишта)
- Јавни услуги и транспорт (електрицитет, вода, јавен транспорт, сообраќаен метеж)
- Стока за широка потрошувачка ( достапност на храна и дневно потребни продукти, автомобили)
- Рекреација (ресторани, театри, кина, спортски објекти и сл.)
- Домување ( станови за изнајмување, апарати за домаќинство, мебел, сервиси за одржување)
- Природна средина (клима, евиденција на природни катастрофи)

Според анализата на сите овие податоци, еве кои се најдобрите градови за живеење во светот:

1) Монтреал, Канада – овој град кај што се зборува и француски се има етаблирано како центар на трговијата, финансиите и технологијата.


2) Луксембург – малата европска земја која се граничи со Белгија, Франција и Германија е неверојатно богата, а криминалот е на многу ниско ниво. Некои од најбогатите луѓе во светот парите ги чуваат во овој град-држава.


3) Стокхолм, Шведска – главниот град на Шведска се смета за едно од најдобрите места за живеење во светот поради одличниот баланс помеѓу работата, безбедноста, секојдневниот живот и прашањата за животната средина.


4) Мелбурн, Австралија – градот има одлични услови за образование, здравство, како и научни истражувања и развивања. Развиените сектори за туризам и разни видови на забава го одржуваат градот богат.

 

5) Берн, Швајцарија – според Mercer, овој град е втор по безбедност во светот. Има богата агрикултура како и традиционална индустрија, како и низок степен на невработеност, што го прави атрактивен за живеење. Технолошкиот сектор кој е во развој исто така привлекува нови таленти.

 

6) Берлин, Германија – главниот град на Германија е одлична мешавина од разни квалитети – добри можности за вработување, висок стандард за домување, одлична лична безбедност и тон рекреативни активности.


7) Копенхаген, Данска – скоро прогласен за едно од најсреќните места за живеење, Копенхаген порано бил рибарски град, а сега е израснат во град со силен урбан и културолошки развој, и е познат по својот баланс помеѓу работата и секојдневниот живот.

 

8) Оукленд, Нов Зеланд – градот се наоѓа помеѓу две големи пристаништа и е скоро на врвот на листата со одлично балансираната економија, идиличната средина и високото ниво на лична безбедност

 

9) Цирих, Швајцарија – економски и културен центар на земјата, Цирих постојано е близу до врвот на листата како едно од најдобрите места за живеење во светот.


10) Виена, Австрија – Виена по 7ми пат се наоѓа на врвот на оваа листа – овој град е 7 по ред во Европската Унија по населеност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби