Идеални подароци кои секој патник ги сака

Сигурно многу од луѓето кои ги познавате сакаат да патуваат, па најдобар подарок за нив би било нешто што ќе им послужи на патувањата. Тие сигурно веќе се опремиле со неколку работи, па пред да купете нешто, добро е и да се распрашате дали го поседуваат тоа што сте го наумиле или не. Ако се најдете во ситуација да го имаат, погледнете ја следната листа и изберете нешто:

LifeStraw шише за филтрирање



Ова е една од оние работи кои едноставно мора да ги имате ако патувате некаде каде што не сте сигурни во квалитетот и сигурноста на водата. LifeStraw шишето за филтрирање на водата чисти 99,99% од паразитите и бактериите кои живеат во водата. Активниот јаглен го намалува мирисот и ги отфрла хлорот и чудниот вкус. Едно шише е доволно за филтрирање на 1000 литри вода. Цената е 43 евра.

Патна торба која се собира



Ова е еден од оние подароци кои едноставно мора да ги подарите на некој кој сака многу да пазари. Колку пати сте се нашле во ситуација во текот на патувањето да претерате со шопингот и едноставно повеќе немате место во куферот за пакување на сите алишта? Оваа патна торба е идеална за тоа. Кога е собрана, зазема многу малку простор, а изработена е од многу цврст материјал. Чини скоро 17 долари.

SoundMagic E10 слушалки



Ако имате некого кој не може без музика, тогаш ова би бил идеалниот подарок за него. Звукот кој го репродуцираат, овозможува да не слушнете ништо друго од околината во која се наоѓате, без разлика дали слушате музика, гледате филм или се опуштате со некои тивки звуци. Овие слушалки кои ќе направат личноста да се почувствува како да е на концерт изнесуваат 42 долари.

Преносна батерија Anker PowerCore



Сите користиме паметни телефони, камери и останати преносни уреди, кои имаат свои батерии. Но, најчесто батериите се празнат кога најмногу ни требаат. На многу патници тоа им претставува проблем, особено ако на мобилниот или на таблетот им се наоѓаат картите. Anker PowerCore е преносна батерија со големина колку кредитна картичка, само малку подебела и може да наполни мобилен телефон три пати со само едно полнење. Мошне брзо се полни па не мора да чекате часови и часови за да се наполни. Цената на оваа батерија изнесува 36 долари.

Trtl патничка перница



Сите сме имале прилика да ги пробаме оние патнички перници на надување со песок или мемориска пена, но овој вид на перница се уште не сте го испробале. Trtl патничката перница е многу мала, едноставна за пакување и го држи вратот во удобна положба за спиење. Цената на оваа перница е 30 долари.

ENO Travel висечка мрежа



Оваа висечка мрежа е одлична имитација за оние кои сакаат да се испружат помеѓу две стебла во кое било време и на кое било место. Направена е од лесен, цврст материјал, која кога е склопена не зазема многу простор. Може да ја најдете по цена од 60 долари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби