Необични локации кои изгледаат како од друга планета

На прв поглед овие места изгледа дека се на некоја далечна планета, но во суштина се поблиску отколку што мислите.

1) Островот Сокотра, Јемен

Овој остров е дом на чудната сорта дрвја наречени „Змејска крв“, чии крошни изгледаат како што изгледаат корењата. Па така на прв поглед дрвото делува како да расте наопаку. Третина од растителниот живот кој го има на овој остров не се наоѓа никаде на друго место на планетата.

2) Депресијата Данакил, Етиопија

Пространите полиња со сулфурни бари ја прават оваа локација едно од најнепогодните места за живеење на планетата

3) Планините Тианзи, Кина

Овие планини се всушност инспирација за летечките планини на Пандора во филмот „Аватар“

4) Насипот на гигантите, Ирска

Насипот се состои од 40 000 исклучително симетрични вулкански камени столбчиња, резултат на античка вулканска ерупција

5) Жангје Данксиа планини, Кина

Овие неверојатно шарени планини се формирани пред 27 милиони години со ерозија на црвен камен песочник

6) Структура Ричат, Мавританија

Позната и како „Окото на Сахара“, оваа 40km широка структура е резултат на ерозија, иако потсетува на место од некој филм каде што се срушил вонземјански брод.

7) „Вратата кон Пеколот“, Туркменистан

Оваа дупка широка 70m се создала во 1971, кога советска машина за дупчење пробила природна пештера со гас. Од тогаш таа непрекинато гори.

8) Вади Рум пустина, Јордан

Исклучително црвенава пустина често пати во филмовите ја „глуми“ планетата Марс, како во скорешниот блокбастер „Марсовецот“, со Мет Дејмон.

9) Кањон Антилопа, Аризона

Кањонот од камен песочник е формиран благодарение на честите поплави и монсуни во текот на милиони години наназад.

10) Мермерни пештери, Чиле

Пештериве се врежани во полуостров од чист мермер во глацијално езеро кое се наоѓа на границата помеѓу Чиле и Аргентина. Тие се резултат на 6000 година ерозија од брановите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби