ТАКСИСТИТЕ УЧАТ ОД 2 ДО 4 ГОДИНИ

Факти за Лондон и Манчестер кои најверојатно не сте ги знаеле

Најпосетените градови во Велика Британија се Лондон и Манчестер. Многумина кои ја посетиле оваа земја најверојатно се фасцинирале од автобусите, спомениците, историјата, како и луѓето. Сепак, постојат одредени работи кои не може да ги дознаете со само една посета во Лондон или Манчестер. За таа цел, ви прикажуваме факти, кои ни изгледаа мошне интересно за некој кој сака да ја посети кралската земја.

  • Манчестер е всушност брдо во вид на дојка! Името доаѓа од називот Mameceastre и сложенката е од зборовите „mamm“ што значи „дојка“ и староанглискиот збор „ceastre“ што значи римски град.

  • „Новиот“ стар Лондонски мост е изграден во 1831 година, но поради лошите темели константно тонел на дното во реката Темза. Поради тоа продаден е на аукција во 1968 година на американскиот бизнисмен Роберт Мекулоч за 2.460.000 американски долари. Тој го расклопил, цигла по цигла и го пренел во Аризона, САД, каде што повторно го составил. Во 1971 година повторно го отворил како туристичка атракција.

  • Модната куќа Harods во Лондон продавала кокаин до 1916 година, како подарок под името „A welcome present for friends at the front“.

  • Лондон има најстара подземна железница во светот, отворена во 1863 година. Но, урбаната легенда вели дека градското метро и до денес има воз во кој се возат мртовци од Royal London Hospital. Оваа легенда настанала во 19 век, кога биле многу чести смртните случаи на пациентите, а управата на болницата смислила многу ефикасен начин за праќање на мртовците до мртовечницата.

  • Во Лондон е целосно бесплатно да се гледаат судењата во Old Bailey. Тоа е најпопуларниот суд за криминалци во светот. Од 10 наутро, секој работен ден, може да се гледаат судењата од јавната галерија.

  • Во 1995 година, јато птици слетале на стрелките на часовникот Big Ben и го поместиле часовникот 5 минути наназад.

  • За да се положи возачкиот тест за популарното црно лондонско такси потребно е да се совладаат 320 основни улици, 25.000 споредни улици и околу 20.000 познати места и знаменитости во радиус од 10км од станицата Charring Cross. Ако на улица видете некој со флуросцентна јакна и голема карта, постои можност дека тој учи за да стане таксист. Обично потребни се од 2-4 години да се совлада тој тест.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби