5 најекстравагантни хотелски искуства во светот

Голем број хотели во светот нудат искуства кои нема да може да ги искусите било каде на друго место, а еве неколку од нив кои нудат најекстравагантни искуства:

1) Приватен базен во ресортот Four Seasons Maui, Хаваи

Што е подобро од базен со поглед кон плажа со бар до кој може да се плива и подводно озвучување? Да го имате тој истиот базен само за себе. Four Seasons Maui хотелот во Хаваи нуди ексклузивно користење на нивниот Sereniti Pool (кој се смета за еден од најдобрите хотелски базени во Хаваи) за цела вечер, што чини од $5000 нагоре, тука не вклучувајќи го и хотелското сместување.

2) Сопствена подморница во ресортот на островот Лакаула, Фиџи

Овој приватен островски ресорт од 3200 акри е сопственост на Дитрих Матешниц, еден од основачите на Red Bull и помеѓу останатите луксузни понуди, нуди и пакет каде што добивате пристап на DeepFlight Super Falcon подморницата која чини 1.85 милиони долари. Таа може да нурка на длабочина од 18 метри, а нејзиното изнајмување чини од $4200 за вечер.

3) Дијамантски накит во Lotte New York Palace, Њујорк

“Апартманот со накит“ со површина од 1500 метри квадратни во Lotte New York Palace е раскошен сам по себе, а сите гости кои престојуваат во него добиваат Martin Katz Diamond Microband прстен кој чини $2500 како подарок – ако воопшто може да се нарече така, со оглед дека апартманот чини $25 000 за едно преноќување.

4) Oгномет по желба во Las Ventanas al Paraiso, Мексико

Ty Warner резиденцијата која се протега на површина од 8500 метри квадратни се состои од вила со базен, две џакузија, павиљон за масажа, приватен подрум со вино и шампањ, „библиотека на текила“ и слични удобности. Тука на располагање добивате и огномет кој може да го активирате кога сакате, со само едно притискање на копче. „Менито“ за разните видови на огномет започнува со цени од $35 000 , во кој е вклучен престојот за една вечер.

5) Скијачки лекции со олимпиецот Флоренс Маснада, Франција

Ресортот од 5 ѕвезди L’Apogée Courchevel е лоциран на една од најдобрите скијачки дестинации во Франција, и нуди приватни скијачки лекции со трократниот олимписки медалист и 15-пати шампион на Франција во скијање, Флоренс Маснада, кој креира персонализирани програми за учење за секој. Неговата програма трае 3 дена, а едно преноќување чини $2300



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби