Кои дестинации се најпопуларни оваа година според Airbnb?

Airbnb ги издвои местата со најголем број на резервации за ова лето. Се уште најпопуларни се бројни летувалишта покрај море, а не оние на планина. Погледнете кои се најпопуларни, па можеби и ќе ви дадеме предлози за каде да го поминете вашиот летен одмор:

Дестин, Флорида



Ова е популарно место и на пролет и на лето, а туристите најмногу време уживаат играјќи голф.

Росарито, Мексико

Ова е гратче на плажа, сместено на само неколку километри од границата со САД. Го красат луксузни одморалишта и првокласни рибни ресторани.

Скарбороу, Англија



Ова гратче е исто така морско одморалиште уште од викторијанско време, но во последно време овде се развива и културата.

Јахор Бахру, Малезија

Иако долго време се сметаше за хаотичен град, кој нема ништо посебно да понуди, последните години Јохор Бахру се „издигна од пепелта“. Ако го посетите ќе видите многу интересни музеи, храмови и хипстерски кафе барови кои никого нема да го остават рамнодушен.

Леванто, Италија



Секако, Италија има многу градови и места кои вреди да се посетат, а еден од оние прекрасните, но сепак непознати за туристите е Леванто. Локацијата на која се наоѓа ќе ви го одземе здивот, а ако сакате да ги избегнете гужвите, тогаш посетете го Чинке Тере.

Салоу, Шпанија

Салоу пред се го краси прекрасна плажа позната како Коста Дорада. Салоу е сместен јужно од Тарагоне, а со оглед на тоа дека е во близина и славниот забавен парк PortAventura, идеален избор е за целото семејство.

Ханои, Виетнам



Главниот град на Виетнам оваа година доживеа вистински бум. Преполн е со различни штандови на кои се нуди храна и пијалаци.

Ла Сиотат, Франција

Ова е мал и романтичен град на Ажурното крајбрежје, каде што покрај убавите плажи ќе може и да го посетите едно од најстарите кина на светот, Eden Theater.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби