Што да очекувате при посета на Дубаи?

Посетата на одредени земји скоро секогаш претставува културен шок, особено ако тие значително се разликуваат од земјата од каде што доаѓате.

Разликата во храната, обичаите, архитектурата, односот на локалното население кон туристите и сл. се работи кои можат да разубават или уништат нечиј престој во туѓа земја.

Еве што може да очекувате доколку се решите да го посетите Дубаи:

1) Американски ресторани

Во Дубаи ќе ги најдете сите поголеми американски ресторани како Starbucks, Wendy’s, Nando’s и сл., што значи дека доколку не ви се допаѓа локалната храна, слободно може да уживате во препознатливите вкусови на брза храна.

2) Бројот на нови конструкции

Во Дубаи има толку многу работи да се видат, но и покрај тоа се има впечаток дека се е полуизградено. Градот толку многу се има сменето во последните 10 години и се смета дека во наредните 10 пак ќе делува непрепознатливо во споредба со сега. Дубаи постојано расте и во него се гради, така да очекувајте полно нови конструкции каде и да се свртите.

3) Отвореност кон туристите

И покрај разните предрасуди, туристите кои доаѓаат од западните земји се дочекуваат со голема отвореност, а локалното население е заинтересирано за да ја сподели и објасни својата култура.

4) Арапските пазари (Souks)

Пазарите се неверојатно гласни и конфузни и сите продавачи се надвикуваат еден со друг со цел да ве привлечат како купувач, што дефинитивно е почудно за туристите од развиените западни земји каде што тоа е невообичаено, а некаде и непостоечко.

5) Бројот на луѓе од други земји



Многумина локалци од Дубаи ќе ја речат истата работа, а тоа е дека “никој таму не е од таму“. Дубаи е место каде многумина имигранти од сите страни на светот доаѓаат да започнат нов живот „од нула“ и многу ретко се сретнува некој кој бил роден и израснат таму.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби