Hyperloop хотели на иднината

Брендан Сибрехт, дипломиран студент по архитектура од Универзитетот од Невада, Лас Вегас, ја добил овогодинешната прва награда Radical Innovation Award од натпреварот за имагинативни дизајни на хотели, на кој учествувале над 65 проекти од 24 земји.

Тој дизајнирал нешто што се вика Hyperloop Хотел, систем кој би вклучувал транзит и хотелски престој во неколку разни градови во САД.

Ваквите хотели би биле изградени на 13 локации и би биле поврзани со Hyperloop системот.

Hyperloop, инаку, е концепт за првпат претставен од Елон Маск во 2013 и претставува систем за транспортирање составен од возила-подови кои би се движеле низ цевка со редуциран притисок.

За цена од $1200, гостите во Hyperloop хотелот би можеле брзо да патуваат помеѓу мрежата од градови, за целото тоа време не напуштајќи ја својата соба. Цената за едно ноќевање не била спомената. Апартманите би биле направени од пренаменети контејнери за превезување товар, кои би изгледале луксузни и би вклучувале канцеларија, дневна соба со телевизор со рамен екран, спална соба и купатило.

Секој од овие модуларни хотели би чинел околу 10 милиони долари за изградба (значи целиот проект би бил околу 130 милиони долари), во зависност од локацијата. Сè уште не постојат конкретни планови за изградба, бидејќи технологијата и инфраструктурата потребни за тоа сè уште не постојат.

Сибрехт смета дека реализирањето на овој концепт би било возможно во наредните 5 до 10 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби