ВНИМАВАЈТЕ ОД ИЗМАМНИЦИ

Трикови со кои може да ве прелажат во туристички места

Туристите се најлесна мета за измамниците. Не може да ги знаеме сите лоши работи кои може да се случат во некој град кој го посетуваме за прв пат, па добро е да дознаеме повеќе работи, особено оние кои може да ни наштетат. На секој чекор постојат измамници, па се препорачува да не верувате премногу.

Кои се најчестите трикови со кои може да ве прелажат?

Роза за вашата драга (Франција, Италија и Шпанија)



Луѓе со букет ружи ви доаѓаат и ве прашуваат дали сакате да купите за вашата партнерка. Сепак, тие ќе ви понудат цена за целиот букет не само за една ружа. Ако одбиете ќе почнат да викаат по вас.

Бесплатен сувенир (Франција, Италија, Шпанија и Египет)

Ќе ви понудат алка на пријателство или некој сувенир на улица. Ако го земете, ќе ви побараат да им го платите, но ако се мислите, може за брзо време да ви пребараат низ чантата или џебовите.

Лажен билет (Франција и Велика Британија)

Ако чекате долги редови за да влезете во некој познат музеј, голема е веројатноста да ви се доближи некој кој тврди дека е вработен во музејот и да ви понуди билет за влез, но со повисока цена од стандардната. Сепак, станува збор за лажен билет.

Чистач на чевли (Турција)



Маж фрла четка за чистење чевли пред вашите нозе. Ако ја подигнете за да му ја подадете, ќе ви понуди бесплатно чистење на чевлите. Можеби ќе мислите дека тоа е од благодарност, но нема да ве остави на раат додека не му платите.

Контрола на соба (Шпанија)

Двајца луѓе облечени како вработените во хотелот, ќе ви затропаат на врата да проверат дали се е во ред со собата. Додека едниот ви зборува, другиот веќе ви ги собрал вредните работи.

Бавно враќање кусур (Европа)

Касиерот бавно ќе ви го брои кусурот, ќе се прави дека се збунил, само за да ви стане непријатно и да оставите некој бакшиш.

Фотограф (Европа)



Пријателски настроени локалци ќе понудат да ве фотографираат со вашиот апарат. На крај или ќе побараат да им платите или ќе избегаат со апаратот.

Затворен хотел (Европа)

Такси возач ќе ви каже дека хотелот кој што го барате е затворен и ќе ви понуди да ве однесе на друго место. Ако се согласите ќе ве однесе на поскапо место, од кој зема процент преку вашата исплата за собата.

Лажни свештеници (Кина)



Овие свештеници сакаат да ве благословат со убавини ако им дадете одредена сума на пари. Но, ако не им дадете, ќе почнат со клетви.

Англиски јазик (Кина)

Слатки девојки зборуваат на англиски јазик околу вас, додека вие се мислите на која страна да фатите. Тогаш ќе ги прашате каде да се упатите, а тие убаво ќе ви понудат кафе на нивна сметка во некој локален бар. На крај, нив ќе ги снема, а вие ќе платите.

Дополнително мени (низ светот)

Некои ресторани користат две различни менија. Вас ви го прикажуваат она со поевтини цени, а на крај ќе ви наплатат според она со поскапа цена на јадењата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби