Најдобри мали градови за секој тип на патник

Секој кој е љубител на патувањето има нешто што повеќе го интересира во споредба со останатите. Некои уживаат во пешачењето и природата, други пак во целодневното лежење на плажа. Некои сакаат вино, други пиво.

Еве избор од неколку мали градови ширум светот, кои имаат по нешто за секој тип на патник.

1) За романтичарите – Колмар, Франција

Овој мал француски град се наоѓа на самата граница со Германија и изгледа како излезен од некоја бајка – изобилува со калдрми и шарени куќи, а возможна е и романтична тура со бродче низ „Малечката Венеција“, реката која поминува низ него. Познат е и како „главниот град на Елзаското вино“, па доколку го посетите може да уживате во мноштвото виногради во неговата околина и најдобрите вина кои некогаш сте ги пробале.

2) За адреналинските зависници – Интерлакен, Швајцарија

Интерлакен е живописен град на сред швајцарските Алпи кој нуди мноштво активности како параглајдерство, падобранство, рафтинг и банџи скокање, меѓу другото.

3) За љубителите на храната – Сан Себастијан, Шпанија

Овој малечок град на плажа во северна Шпанија можеби е најдобрата дестинација во светот за љубителите на храна (т.н „фудија“). Тој е дом на два од 30-те најдобри ресторани во светот (Mugaritz и Arzak), како и на 7 ресторани со Мишелин ѕвезди.

4) За авантуристите – Вос, Норвешка

Вос нуди многу активности за авантуристите – меѓу другото, тука се Tvindefossen, прекрасен водопад висок 150 метри кој што може да го посетите, реката Stranda за рафтинг, како и некои од најпознатите норвешки фјордови, Sognefjord и Hardangerfjord. Од тука може да се качите на воз за Берген, на позната Flåm железница. Рутата од Вос кон Берген се смета за една од најсликовитите кои може да ги патувате со воз, со поглед кон бесконечните фјордови.

5) За „журкаџиите“ – Новаља, Хрватска

Лоцирана на островот Паг, оваа „балканска Ибица“ е една од дестинациите во Хрватска позната по најлудите забави. Тука се наоѓа позната плажа Зрче на која се одржуваат фестивали со електронска музика, како што е Sonus Festival.

6) За љубителите на историјата: Бриж, Белгија

Овој шармантен белгиски град бил основан од викинзите, уште во 9-тиот век. Средновековната архитектура е една од највпечатливите во светот, а меѓу другите работи, ќе можете да ги посетите плоштадот "Де Бург" со базиликата "Светата Христова крв" (комплетирана во 12-тиот век) и општината во готски стил.

7) За љубителите на животни – Алајуела, Костарика

Лоцирана во планините Санта Барбара во Коста Рика, оваа територија наречена „земја на кучињата скитници“ е прифатилиште за над 900 кучиња кои слободно се шетаат, а патниците тука можат бесплатно да се дружат со нив.

8) За љубителите на „Господарот на прстените“ – Матамата, Нов Зеланд

Во трилогијата „Господарот на прстените“, ова место ја играше „улогата“ на родното место на Хобитите. Лоцирано на прекрасното Северно Острово во Нов Зеланд, зелените ридови и 44-те колоритни Хобитски домови се подеднакво впечатливи во живо, како и во филмовите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби