Гламурозни летни дестинации во Европа

Секој заслужува малку луксуз, па доколку планирате пат низ Европа летово, еве некои софистицирани гламурозни дестинации каде дефинитивно ќе може да се чувствувате како „селебрити“.

1) Капри, Италија

Ова италијанско острово било омилена дестинација на Џеки Кенеди Оназис. Лоцирано во Неаполскиот Залив, пристапно е единствено со ферибот, приватна јахта или хеликоптер, и е познато како омилено одмаралиште на славните личности.

Доколку навистина сакате да го вкусите луксузот, престојувајте во Capri Tiberio Palace Hotel со 5 ѕвезди, каде во Bellevue апартманот може да пиете шампањ на приватна тераса со поглед на медитеранот. Тука се наоѓа Da Paolino, познат како „ресторанот на ѕвездите“.

2) Монако, Француска Ривиера

Монако е втора по ред најмала земја во светот, а она што го нема во големина го надокнадува со скоро комичната исполнетост со јахти, луксузни автомобили, и богати посетители. Тука е домот на познатото Casino of Monte-Carlo, како и на престижната Гранд Прикс трка.

3) Св. Стефан, Црна Гора

Ова исклучително мало но неверојатно островче на Јадранот било позната дестинација за одмор на познати личности и кралски семејства во 50-тите и 70-тите, а меѓу нив биле и Мерилин Монро, Софија Лорен и Клаудија Шифер.

Поранешно тивкото острово за ловење риби било купено и претворено во луксузен хотел од 5 ѕвезди, и сега е погламурозно отколку било кога, привлекувајќи холивудски ѕвезди и европски кралски семејста.

4) Сен Тропе, Франција

Сен Тропе е особено популарна дестинација помеѓу позатите парови како Дејвид и Викторија Бекам, Бијонсе и Џеј-Зи, Нил Патрик Харис со неговиот партнер, како и на Анџелина Џоли и Бред Пит (пред разводот). Плажата Plage de Pampelonne е позната по ексклузивните приватни клубови како Club 55, и километри бел песок.

5) Езерото Комо, Италија

Лоцирано во северноиталијанскиот регион Ломбардија, оваа дестинација е позната во вилите на крајбрежјето, чии сопственици меѓу другите се или биле Џорџ Клуни, Стинг, Мадона и Донатела Версаче. Луксузот можете да го почувстувате во Villa Carlotta, вила која е претворена во уметнички музеј и ботаничка градина, како и во CastaDiva resort & SPA, хотел од 5 ѕвезди до самото езеро.

6) Мадеира, Португалија

Доколку сте љубител на виното, најверојатно имате слушнато за овој остров на брегот на Португалија преку познатото вино „Мадеира“. Островот е преполн со ботанички градини, а тука може и да се искачите на врвот Pico do Arieiro.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби