Многумина не слушнале за еден неверојатен остров на Карибите, а оние кои слушнале го мешаат со Доминиканската Република. Станува збор за остров голем 750км2 кој се нарекува Природниот остров Доминека.
Речиси 60% од површината на островот е составенa од дождовна шума, водопади и нема многу големи ресорти како што е типично за овие острови. Во 1998 година, УНЕСКО го прогласи островот за светско наследство.
Со неодамнешните летови до островот, се отвораат вратите за ова непознато парче земја. Може да се полета од Сан Хуан и Порторико, како и од поголемите градови во Америка.
А кога ќе стигнете на островот нема да знаете од каде да почнете со прошетки, бидејќи постојано ќе среќавате интересни и авантуристички места за истражување.
Искачувајте се по патеката за планинари Waitukubuli, која е долга 185км, но ако ви е многу долга, може секогаш да скршнете по некое патче и да уживате во природата.
Можете да нуркате во длабочините и да гледате најразлични морски животни и растенија во секакви бои.
Ако сакате пак навистина да уживате во китовите и делфините, тогаш посетете го островот во периодот помеѓу ноември и мај. Тогаш тие излегуваат на површина, а вие мoже да уживате во екскурзија со водич кој ќе ви ги покаже овие риби.
На оваа земја се наоѓаат 365 реки, од кои многумина имаат чиста и изворска вода.
Во деновите кога сте мрзливи секогаш може да уживате во спа на отворено, пиејќи некој коктел од егзотично овошје.
Сега, откако ве прошетавме до островот, ваше е да си соберете пари за карта и да одлетате. Верувајте, вреди за секој потрошен денар.