LA BELLA ITALIA

Доказ дека Италија е рај на земјата

Многумина ќе се согласат дека Италија е можеби една од земјите кои може да се пофали со најголем број на убави места за посета. Токму и поради тоа е на врвот на популарните места за одмор, кои ја бираат туристи од целиот свет. Секој град, секое село, секоја плажа изобилува со прекрасни убавини, автентични за италијанската култура и начин на живот.

Доколку се уште се двоумите дали да ја посетите, време е да ви докажеме дека токму оваа земја е рај на земјата.

Капри



Лоциран на крајбрежјето Амалфи, Капри е преполн со убави пејзажи. Освен на плажите, може да се искачувате и по ридовите, кои ќе ви овозможат многу поширок поглед и уживање кон синото море.

Калфош



Ова е мало планинско село во северна Италија. Најдобро е да го посетите во зимскиот период, за целосно да ја почувствувате неговата убавина.

Езерото Комо



Ова место била позната аристократија во Римско време, а сега се уште е познато како место на мое се собираат богатите. Не е ни чудо што ова е нивно омилено место со оглед на тоа дека има прекрасен поглед кон Алпите и историските села на крајбрежјето.

Кастелучо



Овој мал град се наоѓа во средишниот дел на националниот парк Монти Сибилини, кој може да го освои секој авантурист.

Поситано



Ова место како да е излезено од сон, бидејќи не делува реално. Во градот постојат многу луксузни хотели, но и интересни апартмани, кои мора д аги посетите за да се почувствувате како во сон.

Плоштадот Дуомо



Сицилија е позната по своите архитектонски градби, но една од најпознатите е плоштадот Дуомо, каде што е поставена барокна катедрала. Ако сте љубител на историјата, ова е вистинското место за вас.

Сиена



Средновековниот град Сиена е познат по црно-белата катедрала, која е олицетворение на романската готска архитектура. Ако го посетувате за време на летниот период, може да ја начекате и трката со коњи – традиција од 17 век.

Болоња



Лоцирана помеѓу Фиренца и Венеција, Болоња е црвениот град во Италија. Архитектурата е со црвени цигли кои му го даваат духот на овој град.

Мостот на воздишките



Според легендата, ако некој пар се бакнува на гондола додека заоѓа сонцето и поминува под Мостот на воздишките, значи дека ќе бидат вечно заљубени. Дури и да не сте романтични, тоа возење ќе ве направи, верувајте!

Манарола



Во Чинке Тере постојат пет села кои се неверојатно шармантни, но Манарола е најубавото од сите поради шарените куќи, сите со поглед кон морето.

Вила Руфоло



Еден од најубавите погледи може да го имате доколку се искачите во Равело, поточно во вилата Руфоло, која е изградена во 13 век.

Прато дела Вале



Прато дела Вале не е само најголемиот плоштад во Италија, туку и најубавиот. Има свој остров лоциран на самиот центар на плоштадот на кој се наоѓаат скулптури од 18 и 19 век.

Плажа Каприколи



На италијанското крајбрежје постојат многу убави плажа. На северниот дел ќе ја откриете плажата Каприколи, која има бел песок, а водата во морето е зелена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби