ВИНОВЕН Е ЧОВЕКОТ

10 најопасни места на светот каде што и една посета може да е смртоносна

На нашата планета постојат места кои се опасни сами по себе: непрегледни планински врвови, клисури, големи пустини и немирни мориња, но постојат и места кои се опасни поради човечките влијанија. Местата се толку многу опасни што само една посета, може да биде смртоносна.

Антракс



На Земјата постојат три острови на кои Велика Британија, САД и Советскиот сојуз изведувале експерименти со антракс. Иако сите три сили, долги години по експериментите, се потрудиле да ги исчистат островите од остатокот на тоа биолошко оружје, ниту еден од нив не ја завршил работата до крај. Единствено островот Груинард во Шкотска е сигурен за посета, бидејќи таму се извршувани неколку тестови за дали се уште има присутност на антракс.

Демилитаризирана корејска зона



Иако нешто што е демилитаризирано би требало да биде сигурно за посета, сепак овој дел на корејската земја помеѓу Северна и Јужна Кореја се уште е ничија земја која би можела да биде фатална за секој посетител. Долга 250км и широка 4км, оваа зона е една од најголемите минирани зони на Земјата. Сепак, на двете страни на зоната стационирани се бази на овие две држави кои и денес се во лоши односи и кои се грижат да нема неочекувани последици.

Рударски град во Колорадо



Градот Гилман во центарот на САД е познат како рударски град кој бил средиште на големото откривање на сребро во 1886 година. Но, денес Гилман е град на духови поради трајната евакуација која во 1984 година го издаде Агенцијата за заштита на околината. Токму рудникот на овој град на крајот ја доведе егзистенцијата до раб. Лошо уредените рударски состави доведоа до контаминација на водата, која имала трагови од неколку видови штетни хемикалии и елементи како што е цинкот, живата и арсенот.

Островот Бикини



Можеби веќе сте слушнале за атомските експерименти во 1960-тите години на Бикини, но најверојатно не знаете колку тие влијаеле на животот на тој некогашен изолиран тропски рај. Поради последиците од експериментите, жителите избегале од своите домови. Бомбите кои се тестирале на овој регион биле 1000 пати појаки од оние фрлени во Хирошима и Нагасаки, а целосно уништиле три острови, кои до ден денес се ненаселени.

Пичер во Оклахома



Пичер е уште еден град на духови, напуштен поради предупредувањата на Агенцијата за заштита на околината, но првенствено поради неконтролираните подземни ископувања кои довеле до рушење на неколку станбени згради. Дури тогаш сите сфатиле дека градот бил изграден врз рудник од жива и цинк.

Витеном во Австралија



Во малиот град Витеном се произведувала најголема количина на син азбест уште во 1960тите години, поради што до 2013 година, бил под изолација поради високите концентрации на азбест. Сепак, во градот само тројца жители решиле да останат да живеат, без разлика на азбестот.

Централија во Пенсилванија



Уште еден рударски град, но во подземјето не е рудник туку огнена земја. Ова е место кое гори во последните 55 години, а може да гори и во наредните 250 ако се точни процените. Секој кој би се осудил да го посети ова место, нема само да добие изгореници, туку најверојатно и земјата ќе го проголта.

Чернобил во Украина



Една од најголемите нуклеарни катастрофи во историјата се случи во Украина во 1986 година. Со оглед на тоа дека системот до негде и функционирал, сигурносните мери успеале да спречат катастрофата да зафати поголем дел од Европа. Во несреќата починале 31 личност. Поради радијацијата, 30км во сите насоки се прогласени за посебна зона со забрана за пристап и населување во наредните 20.000 години.

Аралско море



Аралското море претходно било големо езеро помеѓу Казахстан и Узбекистан, но благодарение на климатските промени денес езерото го нема. Во езерото се наоѓал и остров на кој Советскиот сојуз вршел атомски тестови, но кога се намалила водата, тие престанале со тестирањето, а Аралското море станала Аралска пустина. Во последните 30 години, езерото се намалило на 10% од својата почетна големина и прогласено е за една од најголемите природни катастрофи на Земјата.

Фокушима во Јапонија



Најопасната зона во светот е токму Фокушима, која пред само шест години поради земјотрес предизвикан од цунами се сруши нуклеарната електрана и доведе до три експлозии. Оваа неверојатна катастрофа до денес не е разрешена, но сите факти упатуваат на тоа дека погонот не одговарал на условите за сигурност. Поради радијацијата забранет е пристапот на 20км во сите насоки, но радијацијата е почувствувана и многу пошироко.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби